Емитер 4-6/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Оваа година се одбележува половина век од еден од најголемите човечки потфати, стапнувањето на човекот на нашиот природен сателит, Месечината. За ова е зборувано многу од многу агли, но оваа приказна ќе ја отпочнеме од самиот почеток, од самото раѓање на Месечината.
...Лендерот слета во областа наречена Море на спокојството (Mare Tranquillitatis) со сега веќе легендарната реченица (“Houston, Tranquility Base here. The Eagle has landed.”). Лендерот Орел слетал на Месечината на 20 јули во 21:17 часот по наше локално време. Потоа на Нил Армстронг и на Баз Олдрин им беше наредено да го проверат леталото и да се одморат и потоа да се подготват за излегување надвор од лендерот. Таа чест прв да излезе надвор и да стапне на Месечина, сосема оправдано му припадна на командантот на мисијата Нил Армстронг. Тој чекор по чекор, внимателно се спушти прво на една од ногарките на лендерот, даде неколку забелешки за лендерот и за околината и потоа го направи историскиот прв чекор со легендарната реченица: “Ова е мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото.” Првиот чекор беше направен на 21 јули, во 3:56 часот по наше време.
По првите неколку чекори со коишто исчезна стравот од тоа дека почвата на Месечината може да издржи човек, а да не пропадне. Подоцна и самиот Армстронг призна дека тоа бил неговиот најголем страв, да не потоне во правот на Месечината. Неколку минути подоцна излезе и Баз Олдрин, со неговата забелешка за амбиентот на Месечината дека е “прекрасна пустелија”. За околу 3 часа, колку што беа на површината на Месечината, тие поставија неколку научни инструменти, пред да го развиорат добро познатото американско знаме. Малку е познато дека Армстронг на Месечината оставил неколку пилотски значки од советските мисии во чест на нивните советски ривали, не како знак на победа, туку како знак на оддавање почит, затоа што без нивата борба, Американците немаше да успеат во онаа мера во којашто успеаја.
Полетувањето од Месечината и спојувањето со сервисниот модул, кадешто ги чекаше Мајкл Колинс во орбитата околу Месечината, како и враќањето на Земјата поминаа без никакви проблеми и сè што се случуваше понатаму е еден многу убав и светол дел од човековата историја. Следуваа мисиите од Аполо 12 до Аполо 17 и сите освен Аполо 13 беа успешни и слетаа на Месечината. Аполо 13 имаше сериозен дефект и мораше да се врати без да се спушти на Месечината.
Навистина е жално што еден таков моментум на мисиите не остана да се одржува и понатаму, туку беше закочен од прозаични причини како и секогаш, парите. Целиот овој потфат не успеаја да го оцрнат ниту многубројните верзии на теориите на заговор, дека Американците ја лажирале целата мисија Аполо и слетувањето на Месечината. Мое мислење е дека на тие теории на заговор не треба да се одговара, од проста причина што тоа е разговор со малите, необразовани деца (тука можев да ставам и многу понепристојни зборови). Но, колку да не останам без ниеден противаргумент на тие заговори, има една слика (којашто кажува повеќе од милион зборови), а можете да ја видите на овие страници. На таа слика се гледа како првата жена во вселената, Валентина Терешкова, му дава орден и му оддава почит на Нил Армстронг, додека во заднина на сликата ги гледа Јуриј Гагарин, првот човек во Вселената. Кој сака да ја разбере симболиката на сликата - ќе разбере. Кој не, како и досега ќе си остане да верува без да се потруди нешто да научи и осознае...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.