Рубрика: Астрономија и астронаутика
Дали идејата за мултиуниверзум е научна фантазија?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Идејата за постоењето на мултиуниверзум веќе поодамна го напушти доменот на научната фантастика и свое место најде во мејнстрим науката. Можноста за постоење на голем број паралелни светови истовремено на ист простор, но со различни физички карактеристики и закони, е тема во научните трудови на повеќе видни космолози. Во овој напис ќе се обидеме да ве запознаеме одблиску неколку сегменти од доменот на квантната физика, теоријата на струните и теоријата на класичната инфлаторска експанзија, кои одат во прилог на тезата за постоење на мултиуниверзум.

Идејата за постоење на бесконечен број паралелни универзуми во еден мул­ти­универзум научниците ја сметаат за реално можна, па таа долго време беше предмет на обемна научна дебата меѓу физичарите. Според нив, таа идеја про­из­легува од нивното темелно сфаќање на современата физика, попрецизно ка­жано, од квантната механика, потоа од актуелниот модел со “инфлаторска” екс­панзија на универзумот и на крајот од т.н. “Теорија за струните”, најмладата теорија, којашто се појави како пре­тендент да стане “теорија за сè”, спо­собна да ги обедини двата основни стол­ба на физиката: квантната механика, која функционира во светот на суб­атом­ските микрочестички и Ајнштајновата Општа теорија за релативитетот, која­што функционира во космичките макро­размери.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.