Рубрика: Столарство
Самоградба на плакар од оплеменета иверка
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со овој текст ќе се обидеме на едноставен начин да ве охрабриме и да ви покажеме како да изработите плакар според вашите потреби. Воедно, ќе ви покажеме кои се потребните операции за изработка на плакарите, па во иднина ќе можете сами да изработувате плакари со димензии кои вам ви се потребни. На тој начин со малку труд ќе заштедите речиси 50% од цената на плакар со исти димензии кога би го порачале во некоја од специјализираните работилници.

Во овој текст ќе биде опишана изра­ботката на еднокрилен плакар со некол­ку полици и две фиоки со надворешни димении од 1816x548x630mm (висина x широчина x длабочина). Предната стра­на на плакарот се затвора со преграда (врата) која е прицврстена на оста­на­тиот дел од сандакот со три шарки. Плакарот е изработен од опле­менета иверка која може да биде со дезен (шара) кој ви одговара и со дебе­лина од 16мм. Нема потреба да се пла­шите дека за неговата изработка се потребни специфични алатки или некоја посебна вештина. Потребниот алат веројатно го поседувате – метро, скалпер, шрафцигери, бургии, дупчалка и најобична пегла, а од вештина по­требно ви е големо трпение и малку вештина во работењето со електрична дупчалка и, се разбира, помошник кој ќе ги придржува компонентите додека ги прицврстувате.

Главни елементи и материјали:

една табла оплеменета иверка (димензии 3,66 x 1,83 mm), шини за фиоки, рачки, шрафови за дрво, кант-лента 

 
Клучни зборови:
Потребен алат за изработка на плакарот

Потребен алат за изработка на плакарот

Кантирање и отстранување на вишокот кант-лента

Кантирање и отстранување на вишокот кант-лента

Готовиот плакар што може и виде да го направите според дадените нацрти

Готовиот плакар што може и виде да го направите според дадените нацрти


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.