Рубрика: Информатика
HIQ – Паметен дом, луксузен каприц или заштеда?
Автор: Сашко Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кажи ми каде живееш и ќе ти кажам кој си ти. Ова е начин да се преформулира старата изрека, бидејќи домот е начин да се изразите себеси. Дали сакате вашата куќа да не е само убава и удобна, туку поинаква, интелигентна и духовита, да можете да го контролирате кој било уред во домот, осветлувањето и да примате пораки, да поразговарате со оние што ве посетуваат, но не на вашиот тросед? Тогаш паметниот дом е она што ви е потребно. Вашиот дом, сосема потчинет на вас, на вашите желби и потреби. Токму како што замислувате...

Повеќето од нас замислуваат фан­тастична комбинација на жици, компју­тери, лизгачки врати и мистериозни механички гласови. Но, всушност, мо­жете да ја направите вашата куќа “па­мет­на” без притоа да правите радикални промени. Впрочем, HIQ домот е наиз­глед сосем обична куќа или стан, но опремена со “паметен” систем, којшто го исполнува секој ваш каприц, секоја желба на својот господар, како и мнош­твото домашни обврски. Живот во дом кој не само пријатен, но истовремено удобен, безбеден и корисен.

Системот HIQ ги интегрира сите фун­к­ции и обврски во еден дом, посто­јано и ефикасно. Разумно е да го оспосо­бите целото домаќинство да се грижи за вас, вашата удобност и безбедност, за­ште­дувајќи ви ангажман, време и пари.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.