Емитер 10-12/2018.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Интернетот на нештата, или како што му е официјалната кратенка IoT, полека навлезе во секој сегмент од нашите животи. Ако го погледнете само вашиот паметен телефон, сигурно ќе можете да потврдите дека на него имате барем една апликација од овој сегмент којашто редовно ја употребувате, па макар тоа била и апликацијата за мобилно плаќање или за разно разни попусти. Но, IoT тука само започнува – на ова некои од вас веќе можат да додадат и апликација за регулирање на температурата во својот дом, апликација со генерирање шопинг-листи, доставени од вашиот паметен фрижидер, а да не ги спомнуваме и можностите за видеонадзор на вашиот дом со помош на мобилниот телефон. Но, оваа висока вмреженост на секоја нишка од нашиот живот доаѓа придружена со низа ризици и предизвици во поглед на кибер-безбедноста. Овде ќе проговориме токму за овој проблем.
Фразата “Internet of Things” за првпат е употребена од Кевин Аштон, во 1999 година, како наслов на презентацијата која ја одржал во фирмата Проктор и Гембл (Procter & Gamble). Додека бил вработен во таа компанија, Аштон дошол до идеја да стави RFID (технологија), интелигентен бар-код, на секој кармин што ќе го произведат, за да добијат информација во секој момент колку производи се продадени, односно кога е потребно да се дополнат полиците на одредено продажно место. Потврдил дека овие податоци можат да решат многу проблеми од секојдневниот живот.
Денеска милијарди уреди се составен дел на платформата Internet of Things, а користат вграден хардвер и софтвер за примање и за праќање податоци преку различни комуникациски протоколи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.