Рубрика: Метеорологија
Сенди – слика на иднината која нè очекува?
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фотографиите од разни делови на Њујорк под вода ги преплавија медиумите во последните денови од октомври: цели станици од подземното метро потонати под вода, вода која се прелева во водопади на градилиштето на Ground Zero – поранешната локација на кулите-близначки,... итн. Но, овие настани во блиска иднина може да станат секојдневие за њујорчани. Според повеќе различни модели за климатските промени, во следните неколку стотини години нивото на океанот ќе порасне на највисокото ниво, кое сега го "донесе" ураганот Сенди. Ова што сега му се случи на Њујорк може да биде само предвесник за тоа како ќе изгледа Њујорк во 2200 година.

Секако, предвидувањата за порастот на нивото на океаните, кои го опфаќаат периодот по 2100 година, во голема мера зависат од повеќе варијабилни фактори, како емисиите на гасови кои го потпомагаат ефектот на стаклена градина и брзината на топење на големите глечерски покривки на Гренланд и Антарктикот. Но, дури и ако успееме некако да ги ставиме под контрола емисиите на гасовите во некој разумен временски рок, на Њујорк сепак иднината не му е многу наклонета. Нивото на морињата сепак ќе се покачи за некој метар, како што се случи за време на ураганот, и тоа во следниов век или два.

Клучни зборови:

Сателитска снимка од ураганот Сенди.

Дел од пустошењето на Сенди низ една од најголемите светски метрополи.

Слика на една подземна станица од метрото кое во 90% беше поплавено со солена морска вода.

Водата тече како река по улиците на њујоршкиот финанскиси кварт.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.