Рубрика: Електроника
Подобрен ESR-метар (2)
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатото продолжение ја презентирав електричната шема на подобрениот ESR-метар и го обработив принципот на работа на уредот. Тоа по сите норми не е повеќе од 15% од сè што треба да знаеме за да реализираме успешна конструкција, па затоа мораме веднаш да се фатиме за работа бидејќи пред нас стојат бројни предизвици - од лемење на елементите на печатената плочка, преку “влегување во толеранција“ до внимавање на естетиката. Целта е да добиеме прецизен уред со висок технички и естетески досег.

При изработка на проекти во самоградба, одреденото техничко решение, заедно со проверката на тоа дали даденото решение "влегува во толеранции" во голема мера паѓа на товар на проектантот, со што му се олеснува работата на ентузијастот што го гради уредот. Тој само треба да ги фокусира своите напори во стекнување работно искуство кое би му овозможило да навлезе подлабоко во проблематиката. Но постојат и проекти кои се фокусирани токму да му овозможат на ентузијастот да ја изрази својата инвентивност во полна мера. Таков е и овој проект, па затоа не ви препорачувам да започнете со реализација на овој уред ако немате доволно искуство во конструирање електронски уреди и/или немате доволно трпение и подготвеност да ги доведете сите параметри "под конец". Бидејќи се работи за проект кој е наменет за напредни ентузијасти и градители на електронски уреди, во оваа пригода нема да се задржувам на основните начела на кои треба да се придржуваме при градба на уреди туку ќе акцентирам некои аспекти на кои мислам дека не им придаваме доволно внимание при реализацијата на голем број апликации.

Технички карактеристики:

Испитна фреквенција: 100 kHz
Испитен напон: 30 mVpp
Мерен опсег: 0,1...200 omi
Можност за мерење без одлемување
Напојување: 9 V батерија

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1232
Печатена плочка: MASK124
ИК: LM324N;
Варистор: VDR S14K11;
Инструмент SUNWA YX-360TR-ES
Клучни зборови:

Изработениот прототип на ESR метарот

Внатрешноста на изработениот прототип на ESR метарот

Внатрешноста на изработениот прототип на ESR метарот

Изработениот прототип на ESR метарот


ESR метарот изработен од Марјан Србиновски од Скопје, сместен во куќиште од Унимер 43 од Искра

ESR метарот изработен од Марјан Србиновски од Скопје, сместен во куќиште од Унимер 43 од Искра

ППК за ESR метарот редизајнирана и изработена од Марјан Србиновски

Редизајнираната ППК за ESR метарот од Марјан Србиновски сместена во куќиштето на Унимер 43 од Искра

ESR метарот изработен од Марјан Србиновски од Скопје, сместен во куќиште од Унимер 43 од Искра

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.