Рубрика: Физика
Квантна телепортација
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во најново време забрзано се развива еден нов тренд во квантната физика, тоа е трендот "квантна телепортација". Премостувајќи сè поголеми растојанија, денес таа веќе достигна рекорден досег од 143 km! Истражувачите во неа гледаат нова метода за телекомуникација вклучувајќи и комуникација помеѓу објекти во Земјината орбита и стационарните станици на Земјата.

Терминот "телепортација на материјата" се појавил некаде во 60-тите год. од минатиот век, во научно-фантастичната литература и филмовите со меѓуѕвездени патешествија, во кои екипажот на некое вселенско летало ја употребува телепортацијата за сопствен брз транспорт од една на друга локација. Меѓутоа, физичарите се зафатиле со сериозни размислувања во таа насока, главно во последната декада од денешницата, и од тоа нивно размислување и експериментирање произлезе нова верзија за телепортацијата, т.н. "квантна телепортација" ("quantum teleportation").

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.