Рубрика: Физика
Телепортација преку шесткилометарски оптички кабел
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.10.2018 - 16:15

Фибероптичките кабли што го овозможуваат брзиот интернет-сообраќај можат да се употребат за остварување на еден чуден феномен познат како квантна телепортација.

Според квантната механика, две честички можат да се “сплотат“, што значи дека квантните својства од едната честичка нераскинливо се поврзани со својствата на другата, независно од оддалеченоста на самите честички. Квантната телепортација  употребува токму вакви сплотени честички за пренос на информации за трета честичка, на пример фотон, од испраќач до примател.

Во квантната телепортација со континуирана варијабилност, сплотените честички помагаат во преносот на проток од информации коишто се состојат од нумерички вредности со широк опсег, како што се, на пример, амплитудите на светлинските бранови кај ласерот. Но, сè досега овој вид на телепортација беше спроведен само на многу мали растојанија и во лабораториски услови.

Гзиаоџун Џа (Xiaojun Jia) и неговите колеги од Универзитетот Шангзи во Тајуан, Кина, употребиле обично оптичко влакно за пренос на различни нивоа од ласерска светлина на оддалеченост од 6 километри, со телепортација со континуирана варијабилност. Информацијата била повторена (реплицирана) на приемната локација со точност поголема од таа што би ја овозможило користењето на класичната физика.

Овој пристап би овозможил оптичките кабли да се употребат при некои од моќните форми на квантни компјутери.

Наодите се објавени во трудот достапен во Science Advances.

Клучни зборови:
Шема на процесот на квантна телепортација

Шема на процесот на квантна телепортација