Рубрика: Астрономија и астронаутика
Егзопланета во животна зона околу бинарен ѕвезден систем
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Астрономите откриле две егзопланети во еден бинарен ѕвезден систем. Едната од нив орбитира во животната зона на оптимално растојание од ѕвездите, што дава можност таа да содржи вода во течна состојба.

Детекцијата на егзопланети околу други ѕвезди за астрономите повеќе не претставува некое особено возбудување како што тоа беше порано, впрочем досега тие имаат откриено вкупно 796 егзопланети околу 628 ѕвезди и уште 2320 кандидати за егзопланети, коишто чекаат верификација од стационарните опсерватории. Меѓутоа, астрономите не ги остави рамнодушни најновото откритие на две егзопланети во составот на еден бинарен (двоен) ѕвезден систем, од кои едната егзопланета орбитира во "животната" зона, и тоа на оптимална оддалеченост од бинарот, што £ овозможува таа да може да содржи вода во течна состојба! Да се потсетиме, бинарен ѕвезден систем образуваат две ѕвезди на блиско меѓусебно растојание; поврзани гравитациски, кои орбитираат околу нивното заедничко тежиште. Во нашата галаксија тие се помногубројни во однос со единичните ѕвезди, имено, во вкупниот број ѕвезди тие партиципираат со дури 60-70%, што асоцира на тоа како ѕвездите да не сакаат да бидат осамени!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.