Рубрика: Електроника
Универзален терморегулатор
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Потребата од регулација на температурата во многу пори од нашето живеење и дејствување е очигледна. Тоа повлекува потреба од едноставен, но универзален и доверлив терморегулатор (или термостат ако милувате). Уште повеќе, неговата универзалност и применливост многукратно се зголемуваат доколку регулаторот можат да го констриураат и оние кои немаат многу искуство во реализација на проекти од областа на електрониката. Затоа, хемичари, пекари, земјоделци, сточари, технолози или машинци, овој проект е за вас!

Колкупати ви затребал некој прецизен термостат, а не сте го имале? Не дека немате термостати во вашето домаќинство, тие ќе ги најдете во секој шпорет, фрижидер, пегла, електричен бојлер или греалка во домаќинството. Но најчесто тоа се евтини механички термостати со мала прецизност, кои имаат ограничена примена, не многу поразлична од онаа за која се користат. Со вакви термостати не може да се постигне потребната прецизност за да се закисели млеко или да се "стаса" тестото за леб, на пример. За вакви и слични процеси потребна е точност на регулација од околу 1°C, што без некои особени проблеми се постигнува со предложеното решение. Така што, на пример, за да добиете пресно домашно сирење, ќе ви требаат само следните претоставки: верзија на овој термостат наменета за регулирање температури од 30 до 45 °C, електрично ќебе, млеко и сириште, како и информацијата дека процесот се одвива на температура од 39 °C. Употребната вредност на овој термостат е навистина универзална, така што на времето, кога пријателот лекар виде како правам домашно сирење за мојата тогаш едногодишна ќерка, веднаш ме натера да му изработам ист таков термостат за да ги загрева физиолошките раствори кои ги аплицира во својата ординација. Навистина, овој терморегулатор може да најде примена во многу области, на пример, при надгледување и регулација на фрементациски процеси, сушење и термичка обработка на храна, дестилација на алкохол и ароматични соединенија, па дури и за регулација на собна температура. Додека на пазарот лесно можете да најдете терморегулатор на греењето во вашето живеалиште по релативно мала цена, ист таков прилагоден за специфични температурни подрачја потребни при одредени процеси, користени за професионална намена, може да има неверојатно висока цена, која по правило ќе одврати голем број ентузијасти од самоградба на вакви уреди. Затоа ЕМИТЕР е тука со овој проект да овозможи евтина, но прецизна и доверлива регулација на температура која, сигурни сме, ќе отвори многу врати и ќе овозможи изработка на специфични уреди во самоградба. Ќе бидеме особено горди ако успеете да реализирате специфичен уред кој користи терморегулатор изработен според овие упатства и ако него го презентирате пред поширока публика преку нашето списание. Затоа, ЕМИТЕР ќе ви помогне при изработка на овој терморегулатор преку понуда на професионална, но многу евтина печатена плоча и самолеплива маска (види во рубриката ЕМИТЕР ППК сервис), но и со бесплатни совети, како и пресметки на потребните елементи за одредено температурно подрачје.

Исправки и дополнувања:
Погрешна ознака во табела 1

На страница 49, во табелата 1 се поткрадна лапсус во ознаката на потенциометарот – наместо P1, треба да стои P2, како што произлегува од текстот и од електричната шема.


Технички карактеристики:

Подрачја: 15–30°C, 30–45°C, 45–60°C, 60–75°C Точност: ±0,25 °C; Хистерезис: 0,3 °C

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1233
Печатена плочка: MASK125
ИК: LM35, LM393N (или LM2903N)
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.