Емитер 2/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако при изработката на електронскиот товар ELD-05, објавен во ЕМИТЕР 11 и 12/2009, запнавте кај склопот за сигнализација и заштита, овој проект нуди едноставно решение за вашиот проблем. Освен тоа, со овој електронски склоп добивате и аналоген напонски излез наменет за регулација на брзината на вентилаторот за ладење на транзисторскиот потрошувач.
За разлика од термисторите кои не можат директно да се користат како извршни елементи, термичките прекинувачи се исклучително погодни за таа намена. Се изработуваат практично за секоја температура, а некои производители овозможуваат и избор на хистерезисот. Сакајќи да ја избегнам потребата од нагодување на склопот за сигнализација и заштита во електронскиот товар, наместо термистори решив да употребам термички прекинувачи. За жал, во нашата трговска мрежа речиси и да не слушнале за нив. Во една продавница дури ме убедуваа дека всушност барам термостат за бојлер. Згора на сè, цената на најевтините термички прекинувачи што ги најдов на интернет е два долара по парче не сметајќи ги транспортните трошоци. Ценовникот на докажаните производители на термички прекинувачи како што се Airpax и Honeywell воопшто нема ни да го спомнам. Оние што јас ги употребив извадени се од стари, неупотребливи уреди и нивните ознаки не беа јасно читливи. Според намената на уредите сметав дека изборот е добар, но се излажав. Се покажа дека или имаат различен хистерезис, или имаат неприфатлив хистерезис, или сите четири се за различна температура или, пак, во прашање е Божја работа. И покрај тоа што склопот ја извршуваше својата заштитна улога, со текот на времето стана јасно дека се однесува необично. За да го запазам истиот принцип на сигнализација и заштита, а притоа да не морам да правам никакви измени во конструкцијата на изработениот уред, четирите термички прекинувачи ги заменив со два PTC отпорника, а релејот за наизменичен напон Re1 со DC релеј и соодветен електронски склоп за детекција на температурата. Се разбира, овојпат сите потребни компоненти, вклучувајќи ги и PTC отпорниците, ги купив во нашата трговска мрежа.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.