Рубрика: Астрономија и астронаутика
Чудните облици на планетарните маглини
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Зошто планетарните маглини кои настануваат при "смртта" на ѕвездите имаат многу комплексни и спектакуларни облици, кога според стандардното сценарио за нивното потекло тие треба да имаат облик на правилна сфера која експандира радијално во просторот? Чудните облици на планетарните маглини долго време ги збунува научниците, но сега една американска научна екипа, под водство на Ерик Блекман (Eric Blackman) нуди објаснување за оваа појава.

Бесконечното вселенско поле со речиси безброј ѕвезди е посеано и со други галактички објекти со многу спектакуларен облик наречени планетарни маглини, кои како цветови го красат небескиот простор. Тие настануваат од облаци од гас и прашина исфрлени во последното агониско претсмртно издишување на ѕвездите при нивното "умирање". Овие посмртни ѕвездени остатоци имаат многу важна натамошна улога. Имено, тие се суровина од која се раѓаат идните ѕвезди и планетарни системи. Но, тоа што научниците особено ги збунува кај овие маглини се нивните многу различни, чудни и комплекси облици, ако се има предвид дека од пресметките и симулациите произлегува дека нивниот облик треба да биде во форма на правилни сферични меури, кои радијално експандираат во просторот. Наместо тоа, суперпрецизните фотографии, направени од орбиталниот телескоп Хабл, покажуваат светлечки фигури со изненадувачка сложеност на нивниот облик, кој долго време ги збунува научниците. Но, се чини дека една американска научна екипа, под водство на Ерик Блекман (Eric Blackman) ја пронашла причината за таквите чудни облици на планетарните маглини, па ќе го проследиме нивното објаснување во текстот што следува.

Клучни зборови:

Фотографија на маглината NGC 6543, чиј облик е блиску до спирална форма.

Маглината CRL 2688 со аксијално два различи млаза најверојатно се должи на при¬суство на некое кафеаво џуџе или некоја друга ѕвезда.

Маглината HE 2-47, крилцата на оваа маглина се објаснуваат со присуство на еден или повеќе придружници близу до централното бело џуџе.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.