Емитер 6/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали тоа што е во центарот на Земјата и ротира независно од планетата е втората половина од Месечината? Основната структура на Земјата и потеклото на Месечината може да се објасни единствено преку удар на астероид со големина колку Марс, кој пред 4,5 милијарди години удрил во Земјата, ја изменил нејзината структура и истовремено исфрлил материјал во орбитата од кој настанала Месечината.
Како што палеонтолозите донесиваат заклучоци за древните случувања врз основа на фосилните остатоци и пластови, така геофизичарите сметаат дека внатрешното јадро на Земјата содржи цврсти "фосилизирани" докази во вид на површини со различна кристализација и хемија, кои можат да дадат поточна слика за историјата на нашата планета. Но, како воопшто можат физичарите да го набљудуваат внатрешното јадро на Земјата од нејзината површина?
Методата е проста, се состои од прислушување на сеизмичките бранови ("бучавата") кои се јавувааат при секоја сеизмичка активност и нивна лабораториска анализа преку компјутерска симулација.Имено, сеизмичките бранови се шират во сите насоки минувајќи низ различни пластови на Земјата, така што дел од нив минува и низ внатрешното јадро и излегува на спротивната страна на површината на планетата,
Пред околу 300 години геофизичарите додале во постулацијата за внатрешната структура на Земјата, дека таа во својот центар содржи хомогена топка од чисто железо. Но, во последната декада тие сфатиле дека јадрото на Земјата е далеку покомплексно отколку што се мислело.
Внатрешната структура на Земјата можеби е клучот за да ја разбереме нејзината најрана историја. Во тој контекст нормално е да се раѓаат нови идеи и сценаријам со цел да понудат поуверливо објаснување за "причината на последицата". Така, геофизичарите составиле сценарио за кое тврдат дека најубаво ги објаснува двете најбитни загатки истовремено, кои досега биле надвор од секое научно разбирање: потеклото на внатрешната структура на Земјата и потеклото на Земјиниот сателит – Месечината.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.