Омнибус

Првите SLI лаптоп компјутери;
Супернова SN 2006X во галаксијата M100;
Млади ѕвезди во јатото "Божикна елка";
Fuji Finepix F10 - најдобриот компактен дигитален фотоапарат?;
Центар за обука на Nexans во Скопје;
Ново летало ќе трага по мраз на Месечината;
Нови преносни компјутерски технологии од HP;
Matrox RT.X2;
Планети може да се раѓаат и околу пулсари;
Вселенско торнадо;
Нова голема црвена дамка на Јупитер;


Автомобилска техника

Францускиот концерн ПСА, во кој членуваат Пежо и Ситроен, неодамна го промовираше својот концепт на автомобили со хибриден погон кој ги обединува енергиите на дизел-моторот и електричната струја. Своите технолошки новитети оваа групација ги спакува во два свои добро познати големосериски автомобили - Ситроен Ц4 и Пежо 307.


Аеронаутика

Боинг 737 е најпродаваниот патнички авион во историјата на воздухопловството, но за да остане конкурентен на пазарот и по 40 години од своето појавување, инженерите на Боинг заклучиле дека му се потребни и поефикасни крила кои би му ги подобриле летачките перформанси. Одговорот се вертикалните завршетоци на крилата - winglets.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на доближувањето на Марс и Сатурн.


Аудио и видеотехника

Креативниот дух треба да се негува секогаш и кај секое од нашите деца за да можат тие утре да го водат светот со креација, а не со деструкција. Духот на креативноста лежи секогаш и во секого од нас; уметникот, танчарот, писателот и музичарот се оние што успеале да ги отворат вратите на слободата за да може да избликне нивната креативна енергија.


Електроника

Не секогаш од добра електрична и монтажна шема на еден уред можеме да добиеме квалитетен уред. Основна причина за тоа е нашето недоволно познавање на потребните зафати од областа на механиката, потребните ожичувања, како и потребните нагодувања на уредот. Во ова, последно продолжение, ќе се обидеме накратко да објасниме сé што е неопходно да се направи за да добиеме уред со што е можно повисок квалитет.


Електроника

За доживувањето на музиката што ја слушате да биде целосно, треба на некој начин звукот да го претворите во светлосни ефекти. Тоа сето ќе го овозможиме со електронскиот уред т.н. LIGHT-SHOW (лајт-шоу). На забавите кои ќе ги приредувате, со помош на овој уред ќе направите убаво интимно доживување, кое ќе внесе посебна атмосфера.


Електроника

На барање на еден наш читател во овој напис ќе ви ги претставиме напонските и струјните делители, нивната пресметка и примена.


Електроника

Сите оние што поседуваат активен subwoofer знаат колку е здодевно неговото вклучување и исклучување пред и после секое слушање на музика или гледање на филм. Ова коло на елегантен начин ќе ги реши тие проблеми, автоматизирајќи ја целата постапка со следење на сигналот од вашиот АВ-рисивер.


Електроника

FBI сирената претставува многу интересно и едноставно електронско коло. Може да ја изработи секој електроничар почетник со мало искуство. Ќе најде примена ако се монтира на велосипед, во автомобилил или на некое друго место, по ваш избор.


Енергетика

Наближува лето, високи температури и горештини. Ако веќе немате купено клима-уред, кој ќе ви помогне полесно да ги поминете жешките денови, тогаш "топло" ви препорачувам да го направите тоа. Понудата на клима-уреди на нашиот пазар е прилично голема и разновидна. Каков избор да се направи и кој тип на клима-уред е подобар? Изборот (како и секогаш) зависи од многу фактори, при што цената не е занемарувачки фактор.


Информатика

Полупразни хали, мал број на учесници, уште помал број на "големи компании", сето тоа проследено со минатогодишни експонати и, нормално, мал број на посетители. Вака на кратко би изгледала "репортажата" од последното издание на македонската верзија на Саем за компјутери, теле¬комуникации, биро опрема, аудио и видеоопрема и стручна литература - Инфоком 2006.


Информатика

На 16 мај 2006 година во Даут Пашиниот Амам во Скопје се одржа презентација на информатичките решенија кои во изминатиот период беа имплементирани од страна на државните партнери за модернизирање на државната администрација подобрување на информатичката писменост кај нас, воопшто. За што поточно станува збор информирајте се од написот кој следи.


Информатика

Безжичните мрежи денес сé повеќе наоѓаат примена во домашни услови. До скоро ваквиот начин на составување на мрежа се користеше главно во поголемите фирми. Делумно за тоа е виновна и цената на потребните компоненти, која во почетокот беше висока, за разлика од денес. Предностите на безжичната мрежа лесно се увидуваат. Кај нас голем замав зема безжичниот Интернет кој го понуди провајдерот Оннет.


Информатика

На пазарот постојат голем број на безжични уреди со различен дизајн и различна намена. Но, само еден од нив може да работи како мрежна картичка, безжичен пристапен уред (access point) или рутер, а има големина помала и од вашата визит картичка. Тоа е џебниот мултифункционален уред WL-5480PAP на корпорацијата Ovislink.


Информатика

Честопати гледајќи филмови се запрашувате "Како го направиле тоа?" Одговорот е многу лесен, со компјутер, односно со Maya. Таа е една од водечките програми за 3D-уметност, создадена од врвни професионалци од Алиас. ЦГИ денес се употребува речиси секаде, па дури и спајдермен во голем дел од филмот е компјутерски генериран.


Металство и машинство

Македонија е позната по специјалитетите од пиперки кои се подготвуваат на 1001 начин. Но, специјалитет на специјалитетите од пиперки е нашиот омилен ајвар. Него го сакаат и стари и млади, но во неговата подготовка учествуваат најчесто постарите лица. Сé би било поедноставно само да не е толку мачно неговото пржење.


Телекомуникации

Најверојатно сте ги прочитале претходните два дела од овој напис и сега сигурно мислите дека знаете сé околу SMS-пораките. Дозволете ми да ви кажам дека ви недостасува последното "парче" од мозаикот наречен SMS. Прочитајте го текстот и комплетирајте го вашете знаење.


Телекомуникации

Познатиот производител на електронска опрема, а воедно и на мобилни телефони, Самсунг (Samsung) неодамна го претстави пред новинарите својот најнов модел со кој ја збогатува и така бројната палета на мобилни уреди. Имено, станува збор за Самсунг SGH-E500, мобилен уред кој, пред сé, е наменет за претставничките на понежниот пол. Ова се должи на неговиот елегантен дизајн, како и на апликациите кои се дел од софтверот кој се наоѓа во неговата меморија..


Фототехника

SONY лансира четири нови тенки дигитални фотоапарати од серијата W со ‘ANTI-BLUR ’ технологија за поостри фотографии, со 6 ефективни милиони точки, големи LCD екрани, ZEISS 3x оптички зум и одлична STAMINA трајност на батеријата. Во написот подолу ве запознаваме со неколку клучни и битни новини коишто оваа фирма со светско реноме ги воведе во нив.


Астрономија и астронаутика

Дали тоа што е во центарот на Земјата и ротира независно од планетата е втората половина од Месечината? Основната структура на Земјата и потеклото на Месечината може да се објасни единствено преку удар на астероид со големина колку Марс, кој пред 4,5 милијарди години удрил во Земјата, ја изменил нејзината структура и истовремено исфрлил материјал во орбитата од кој настанала Месечината.


Аудио и видеотехника

Да се направи најдобар избор на објективи за камери не е лесно. За да биде изборот најдобар што може, треба да се знае како се формира оптичката слика и нејзините атрибути. Всушност, објективот е првиот арбитар на финалниот квалитет на сликата, и од аспект на естетика, и од аспект на креација, притоа не минимизирајќи ја улогата на камерата или системот на запишување на сликата. Текстот има цел да ја разберете улогата на објективот во креирање на сликата. Знаењето ќе ви помогне да направите најдобар избор и компромис меѓу желбите и можностите.


Електроника

И покрај тоа што поимот детекција на метал асоцира на опрема за лов на закопано богатство, детекторите на метал имаат широк спектар на примени. Технологијата на метал-детектори е интересно подрачје на електрониката. Тука спаѓаат уредите за препознавање и лоцирање на цевки и кабли, разни сигурносни уреди, па дури и медицинска опрема. Во написот што следи ќе ја разгледаме основната теорија за детекција на металите по што во следниве броеви ќе понудиме и неколку написи за практична реализација на разни детектори на метал.


Информатика

Дали Windows оперативниот систем ви "паѓа" често? Се појавува ли сина слика (blue screen)? Ако е така, тогаш најверојатно имате проблем со меморијата на вашиот компјутер. Во овој текст ќе можете да прочитате неколку начини за тестирање-дијагностицирање на RAM меморијата на вашиот компјутер.


Медицина

Лабораториите за кожа и 'рскавица во денешно време се голем бизнис насекаде низ светот. За истражувачите кои се занимаваат со ткивно инженерство сé уште е голем предизвикот за изнаоѓање на методи за производство на покомплексни структури, како што се артериите и срцевите валвули, чиешто оштетување е во голем пораст.


Писма
Венера надвор од фокусот