Емитер 6/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали Windows оперативниот систем ви "паѓа" често? Се појавува ли сина слика (blue screen)? Ако е така, тогаш најверојатно имате проблем со меморијата на вашиот компјутер. Во овој текст ќе можете да прочитате неколку начини за тестирање-дијагностицирање на RAM меморијата на вашиот компјутер.
Што е RAM меморија? Random Access Memory (RAM) претставува 'главна меморија' која дозволува пристапо до сите податоци по некој редослед, работна меморија за прикажување и манипулирање со податоците. Што може да ја оштети RAM меморијата? Електричен спој прио неправилна работа може да доведе до трајно оштетување на меморијата. Исто така, и зголемувањето на напонот при оверклокување може трајно да ја оштети меморијата. Доколку компјутерот има многу прашина или се наоѓа во средина со голема влажност, може да дојде до прекин или кородирање помеѓу меморискиот модул и слотот што може да предизвика оштетување на меморијата. Топлината од другите делови, исто така, влијае и може да предизвика оштетување на RAM меморијата. Друг фактор е појавување на дефект во меморискиот слот на матичната плоча, што може да биде и збунувачки, бидејќи доколку постои таков дефект секој мемориски модул кој ќе се приклучи на тој слот нема да работи и ќе помислиме дека проблемот е во него.
Најчести знаци на можен проблем со RAM меморијата се:
• Син екран додека инсталирате Windows 200 или XP;
• Често 'паѓање' или појавување на син екран на Windows оперативниот систем, што може да се должи и на прекумерно загревање;
• 'Паѓање' на системот при интензивни мемориски операции;
• Искривена графика на екранот, што може да биде предизвикано и од графичката картичка;
• Грешка при вклучување и рестартирање на компјутерот – долги beep звучни сигнали.
Во продолжение ви претставуваме неколку програми за тестирање на работата на RAM меморијата – Memtest86+, Docmem, Windows memory diagnostic, како и повеќе совети како тоа да го направите самите.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.