Рубрика: Информатика
3D Xpoint - револуција во мемориската технологија
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 29.07.2015 - 14:16

Вчера беше претставена новата 3D Xpoint технологија, производ на соработката помеѓу Интел и Микрон Технологија. 3D Xpoint е голем чекор напред во технологијата за процесирачки мемории и е прва нова категорија кај мемориите од претставувањето на NAND флеш меморијата во 1989 година. Оваа технологија е до 1000 пати побрза, има над 1000 пати поголема издржливост и е 10 пати погуста од конвенционалната меморија.

Вчера беше претставена новата 3D Xpoint технологија, производ на соработката помеѓу корпорацијата Интел и Микрон Технологија. Меморијата конструирана со оваа технологија има потенцијал да го револуционизира секој уред, апликација или услуга нудејќи брз пристап до големи збирки на податоци. 3D Xpoint е голем чекор напред во технологијата за процесирачки мемории и е прва нова категорија кај мемориите од претставувањето на NAND флеш меморијата во 1989 година.
Експлозијата на поврзани уреди и дигитални услуги генерира големи количини нови податоци. За да се направат овие податоци корисни, мора да се чуваат и анализираат многу брзо, создавајќи предизвици кај оние што ги нудат овие услуги и кај производителите на машини кои мораат да ги балансираат трошоците, моќта и перформансите кога дизајнираат вакви решенија. 3D Xpoint технологијата ги комбинира перформансите, густината, силата, стабилноста и трошоците кои се предност кај денешните достапни мемории на пазарот. Оваа технологија е до 1000 пати побрза и има над 1000 пати поголема издржливост од NAND меморијата, дополнително таа е 10 пати погуста од конвенционалната меморија.
Со брзиот раст на дигиталниот свет, од 4,4 зетабајти податоци креирани во 2013 до очекувани 44 зетабајти до 2020 - 3D Xpoint технологијата може да ја претвори оваа огромна количина на податоци во корисни информации за неколку наносекунди. На пример, трговците на мало можат да ја користат 3D Xpoint технологијата за побрзо да ги идентификуваат измамите кај финансиските трансакции; истражувачите во областа на здравството сега ќе можат да обработат и анализираат поголеми пакети на податоци во реално време, далеку побрзо да решаваат сложени задачи како што се генетската анализа и следење на болеста.
Но, од 3D Xpoint технологијата корист ќе имаат и домашните корисници. Имено, таа може да го подобри искуството со секој компјутер, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во интерактивни социјали медиуми и соработки, како и извонредни искуства кај видеоигрите. Природата на оваа технологија ја прави и одличен избор за различни апликации заради малиот застој и бидејќи податоците не се бришат кога уредот е исклучен.
По повеќе од една деценија истражување и развој, претставената 3D Xpoint технологија е создадена за да одговори на се поголемата потреба за високи перформанси, голема издржливост и голем капацитет за складирање, а сево ова по прифатлива цена.
Новата класа на мемории значително го намалува доцнењето, овозможувајќи многу повеќе податоци да се чуваат блиску до процесорот и до нив да се доаѓа со брзини претходно невозможни.
Иновативната архитектура создава тридимензионална решеткаста структура од слоеви на жици. На секој слој жиците се поставени паралелно но под прав агол со жиците од претходниот слој. Помеѓу секој од слоевите се субмикроскопски столбови коишто ги поврзуваат точките кадешто жиците се вкрстуваат. Секој од овие столбови содржи: “мемориска ќелија” кадешто може да се склидура еден бит на податици што во бинарниот систем претставува 1 или 0; и “избирач” којшто овозможува определена мемориска ќелија да се исчита или да биде преснимена, при што пристапот се конторолира преку разлика на доставениот напон којшто се прима преку жиците.
Предноста на овој вид архитектура е што до секоја мемориска ќелија може одделно да се пристапи, што овозможува да бидат пребарувани секоја одделно. Како резултат на ова, податоците можат да бидат напишани и прочитани побрзо и поефикасно.
Сепак, сè уште не ги фрлајте SSD и хард-дисковите. Како што велат и од Интел, за жал, старата технологија е сè уште значително поевтина така што ќе остане уште некое време со нас.

Клучни зборови: