Емитер 6/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
И покрај тоа што поимот детекција на метал асоцира на опрема за лов на закопано богатство, детекторите на метал имаат широк спектар на примени. Технологијата на метал-детектори е интересно подрачје на електрониката. Тука спаѓаат уредите за препознавање и лоцирање на цевки и кабли, разни сигурносни уреди, па дури и медицинска опрема. Во написот што следи ќе ја разгледаме основната теорија за детекција на металите по што во следниве броеви ќе понудиме и неколку написи за практична реализација на разни детектори на метал.
Електронската детекција на метал има долга историја. Се изненадив од податокот дека првиот детектор на метал е дизајниран пред повеќе од сто години, во втората половина на деветнаесетиот век. Денешните детектори се комплексни уреди, но принципите на детекција во изминатите стотина години речиси воопшто не се сменети. Сите се базирани врз промената на електричните карактеристики на намотка што ги предизвикува парче метал кога ќе се најде на разумно растојание од намотката.
Во големиот број конструктивни решенија може да се издвојат три основни типови на детектори. Детектори со фреквентно поместување во кои спаѓаат: BFO (beat frequency oscillator) детекторите, PLL (phase locked loop) детекторите, и резонантните детектори (off-resonance). Овие детектори користат една пребарувачка намотка и спаѓаат во групата на поедноставни за изработка. Идуктивно балансните (IB) детектори користат две или повеќе намотки од кои една е приемник, а сите останати се предаватели. Покрај класичните IB-детектори, овој тип опфаќа и TR- (transmit receive), VLF (very low frequency), како и RF (radio frequency) детекторите. Конечно, третиот основен тип на детектори на метал се PI (pulse induction) детекторите. Принципот на работа на овој тип детектори целосно се разликува од оној што го користат детекторите со фреквентно поместувањеи индуктивно балансните детектори.
Љубителите на овој вид забава во развиениот свет денес имаат избор од стотина комерцијални уреди. Нивната цена варира од дваесетина евра па сè до специјализираните подводни детектори поскапи од илјада евра. Сепак, одговорот на прашањето "Што нудат производителите?" е краток и едноставен – не го нудат она што ни треба. Добар детектор на метал треба да биде високосензитивен на многу мали објекти, треба да овозможи длабока пенетрација и да дава јасна слика за обликот и положбата на детектираниот објект. Не постои детектор што ги задоволува сите три барања, иако секој задоволува барем едно.
И покрај солидниот избор на фабрички изработени детектори на метал (оваа констатација не важи за Македонија), во светот постои голем интерес од страна на хобисти, авантуристи и ловци на богатство за своерачна изработка.
По овој теоретско-информативен напис во наредните броеви на ЕМИТЕР ќе објавиме и неколку проекти и апликации за самоградба на разни видови детектори на метал.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.