Емитер 6/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Да се направи најдобар избор на објективи за камери не е лесно. За да биде изборот најдобар што може, треба да се знае како се формира оптичката слика и нејзините атрибути. Всушност, објективот е првиот арбитар на финалниот квалитет на сликата, и од аспект на естетика, и од аспект на креација, притоа не минимизирајќи ја улогата на камерата или системот на запишување на сликата. Текстот има цел да ја разберете улогата на објективот во креирање на сликата. Знаењето ќе ви помогне да направите најдобар избор и компромис меѓу желбите и можностите.
Да се направи добар и соодветен избор на објектив за камера е доста тешко. Постојат многу категории на објективи кои можат да се набават и за SDTV и за HDTV доменот. Неспорно е дека за да се добие, односно пренесе или сними добра слика, битна е камерата, светлосната обработка на објектот, како и на целиот систем на обработка. Но, мора да се знае дека објективот не е само за едноставно подготвување на сликата која дигиталниот камкордер ја снима во дигиталниот медиум. Објективите ја креираат првата слика на самото место на случување. И не само што објективите ја креираат оптичката слика за презентација на камерата, туку нудат и значаен придонес и во манипулација на сликата од уметнички аспект.
Од техничкиот аспект, улогата на камерата е да ја трансформира оптичката слика во електричен сигнал. Дигитално снимениот материјал во потполност треба да кореспондира со сликата што ја продуцирала камерата во моментот на презентацијата на објектот. Всушност, објективот е првиот арбитар на финалниот квалитет на сликата, и од аспект на естетиката, и од аспект на креација, притоа не минимизирајќи ја улогата на камерата или на системот на запишување на сликата. Новите тенденции во оваа област се поврзани со радикалните промени во видеоакцизицијата. Следствено, се зголеми бројот на професионални решенија при избор на објективи кои ќе бидат препоралани со новите дигитални камери.
Секој производител се труди да даде што е можно поквалитетен производ со цена која ќе обезбеди пазар. Исто така, производителите држат чекор со новите технолошки и развојни трендови. Во моментов вниманието е насочено кон производството на објективи за HDTV.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.