Рубрика: Медицина
Следни чекори на науката: Ткивен инженеринг
Автор: Соња Фончева
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Лабораториите за кожа и 'рскавица во денешно време се голем бизнис насекаде низ светот. За истражувачите кои се занимаваат со ткивно инженерство сé уште е голем предизвикот за изнаоѓање на методи за производство на покомплексни структури, како што се артериите и срцевите валвули, чиешто оштетување е во голем пораст.

Секоја година стотици илјадници болни хоспитализирани пациенти ширум светот се наоѓаат на листата на чекање за трансплантација на бубрези, црн дроб, срце и други есенцијални органи, а многумина од нив умираат не дочекувајќи соодветен донатор. Лекарите кои се вклучени во третманот и лекувањето на ваквите пациенти, секојдневно се соочуваат со недостаток од органи достапни за трансплантација. За да се подобрат шансите за успешно лекување и продолжување на животот на таквите пациенти, инженерите за производство на ткива и органи се обидуваат да ја искористат моќта на стем-клетките.

"Во нашите истражувања употребуваме возрасни стем-клетки како и ембрионални конститутивни клетки кои владата веќе ги има одобрено. Тешко е точно да се одреди колку ова ја ограничува нашата работа, бидејќи тоа не смееме да го работиме. Мое лично мислење е дека е добро да се изодат колку што е можно повеќе патишта за да се стигне до решението на проблемот. Тоа што некои од патиштата се исклучени од изборот, за мене е лоша работа. Но, и покрај овие ограничувања успеавме да направиме многу во оваа област." – вели на темата растење на органи Роберт Лангер, професор по биохемиски инженеринг при Техничкиот институт на Масачусетс.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.