Емитер 5/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако сакате на вашиот звучник да му испорачате тројно поголема моќност од вашиот стерео аудиозасилувач, потребна ви е магија. Или мостен адаптер, што е слично. Мостниот адаптер се состои од само едно интегрирано коло - двоен операциски засилувач и неколку отпорници и кондензаторчиња.
Еден стерео аудиозасилувач можете да преправите во моно засилувач со значително поголема моќност. Истото може да се направи со два идентични моно засилувачи. Магичното кутивче кое го овозможува ова се вика мостен адаптер, а врската на двата засилувача се нарекува мостна (bridge) врска. Како и кај секој магичен трик, финтата е многу едноставна. Мостниот адаптер има задача двата излезни аудиозасилувачи да ги побудува со аудиосигнали фазно поместени за 180°. Во овој случај звучникот се поврзува помеѓу активните излезни клеми на засилувачите, а излезните клеми поврзани со маса остануваат во "воздух". На тој начин напоните од двата противфазни излезни аудиосигнали се собираат во звучникот и резултатот е тој да добива два пати поголем побуден напон. А бидејќи излезната моќност е правопропорционална со квадратот на напонот на потрошувачот (звучникот), тоа значи дека на тој начин добиваме 4 пати поголема излезна моќност во споредба со моќноста која можат да ја продуцираат поединечните засилувачи на истото тоа оптоварување!
ИК: LM833 или сличен
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.