Емитер 5/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во рамките на серијата "Мистериите на науката", замислена како дебата помеѓу авторот г. Симјановски и неговиот опонент г. Филевски, ЕМИТЕР објави два написа со теми за енигмата на душевните појави, едниот под наслов "Тајните на свеста" (ЕМИТЕР 3/10), вториот под наслов "Сликата на духот и на нематеријалната енергија" (ЕМИТЕР 3/11). И двата написа се всушност конфронтација помеѓу идеалистичкиот став на г. Симјановски и материјалистичкиот став на г. Филевски, па помалку упатените читатели на ЕМИТЕР ќе се најдат во дилема кој од двата става е точен. Од тие причини се вклучив во дебатата со овој напис, во кој се изнесени низа научни сознанија, кои покажуваат материјална условеност на духовните појави!
Термините "душа" и "дух" се употребуваат како синоними за научните термини "психа" и "свест". Уште од древните времиња тие таинствени појави го привлекувале вниманието на човекот, па така во рамките на филозофијата се појавила "науката за душата" – психологија (грчки: психа = душа, логос = наука), ккоја датира од времето на Платон и Аристотел. Во средниот век таа е толкувана исклучително според потребите на теологијата, подоцна таа талка помеѓу метафизичкото и дуалистичкото сфаќање на битот на психата. Кон крајот на 19 век таа излегува од рамките на филозофијата и станува самостојна позитивистичка наука. Да објасниме, "позитивизам" е гледиште во процесот на сознавањето кое признава само сознанија, кои произлегуваат од искуство (доказ).
Науката ја започнала офанзивата на енигмата наречена "душа" со низа неврофизиолошки, неврофармаколошки и биохемиски истражувања. Резултатите од тие истражувања покажале дека сите психички појави се субјективно изразување на одредени материјални процеси во мозокот на човекот. За волја на вистината, науката досега не открила како материјата ја создава свеста, но сепак таа го открила најбитното: материјалната условеност на "душата"! Но, да одиме со ред...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.