Рубрика: Информатика
Intel 5010 Series 250GB Solid State Drive
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пазарот на SSD дискови е една област на PC индустријата каде што гледаме константен развој и еволуција, особено во последниве неколку години. Сä започна со првата генерација на модели, кои ветуваа многу повеќе од тоа што навистина можеа да го понудат. Сега, неколку генерации подоцна, на пазарот се нудат модели кои користат SATA 3 интерфејс и кои стануваат основа за нова генерација на PC. SSD дисковите ја забрзуваат работата на целиот систем на начин кој е многу посуптилен од влијанието на побрз процесор или графичка картичка. Благодарение делумно на речиси моменталниот пристап, овие дискови се многу поефикасни од класичните тврди дискови.

SSD дисковите користат флеш меморија за складирање на податоците, за разлика од класичните електромагнетни тврди дискови кои користат магнетни плочи на кои со помош на магнетни глави се извршува запишувањето на податоците. Брзината на пренос на податоците, кај класичните дискови и нивното запишување на плочите, во голема мерка зависи од брзината на ротација на плочите, како и од густината на записот.
Овие параметри воопшто немаат никакво влијание на SSD дисковите бидејќи кај нив складирањето на податоците се врши во мемориските флеш чипови, при што главна улога има микроконтролерот кој управува со целата операција. При ова времето за читање на податоците е многу кратко и многу помало од она кое е потребно кај електромагнетните дискови. Освен тоа, SSD дисковите имаат помала потрошувачка на енергија, помала бучава и заштита од вибрации.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.