Емитер 5/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Потребата од централно чување на податоците, нивна безбедност и менаџирање на капацитетите како во деловни така и во домашни услови наметнува потреба од изнаоѓање на софтверски и хардверски решенија кои би требало да ги задоволат потребите и барањата на сите категории корисници. За таа цел поразговаравме со г. Франц Шерц, менаџер на Country Development Group за Македонија, Босна и Херцеговина, Малта, Молдавија, Албанија и Косово.
Г. Франц Шерц има повеќе од 30 години искуство во ИТ бизнисот. Својата кариера ја започнал како сервис-инженер за бизнис-компјутери. Во 1992 година се придружува на Digital Equipment Corporation, која подоцна беше преземена од Compaq Computers, каде што работи на повеќе позиции врзани за продажба и менаџмент за југоисточните европски земји. На тие позиции останува и по интеграцијата помеѓу HP и Compaq.
Од 2005 година доаѓа на сегашната позиција менаџер на HP Country Development Group, и станува одговорен за HP Enterprise Business Group, која отвори неколку локални HP претставништва и канцеларии во наведените земји со цел давање поддршка на локалните комитенти со нивните производи, софтверските решенија и сервисниот инженеринг. Со г. Франц Шерц разговараме за софтверските и хардверските решенија на HP за централно чување на податоците , за нивна безбедност како и за менаџирање со капацитетите и податоците.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.