Рубрика: Аудио и видеотехника
Sony Vegas Pro 10 – Напреден софтвер за едитирање и на 3Д
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Sony Vegas Pro 10 е моќна програма за уредување и достоен кандидат за високо место во рангот на вакви програми. Нејзините карактеристики и контроли се одлични и можат да ги задоволат професионалците со искуство во оваа работа, но со неа лесно можат да се снајдат и аматерите-почетници. Програмата е резултат на големата брзина со која се развива видеоиндустријата и желбата на Sony да остане конкурентна како гигант во секоја категорија од овој домен, а посебно во областа на софтверите за уредувањето. Vegas Pro, пак, отсекогаш бил малку во сенка на своите агресивни конкуренти Adobe Premiere, Final Cut Pro и други, но со секое ново издание Sony изгледа ќе успее да докаже дека Vegas Pro е достоен конкурент кога стзнува збор за софтвери за едитирање. Можноста за 3D едитирање го прави да биде чекор напред пред другите, а при тоа не е скап! Мислам дека овие редови се доволни за да ве заинтригираат да го прочитате текстов до крај!

Многумина велат дека пред да ја отворат и да работат со оваа програма биле многу скептични, посебно оние кои ја користеле Vegas Pro 9 мислејќи дека тоа е тоа и нема што повеќе да се стори. Но, откако се запознале со програмата морале да признаат дека Vegas Pro 10 е одлична програма со добри перформанси и алатки за уредување кои можат да се употребат на едноставен и лесен начин. Подобрувањето на програмата е благодарение на додадената поддршка од графичкиот процесор AVC/H.264 за декодирање. Програмата овозможува брзо вчитување и преглед на снимениот материјал, што е од посебна важност при уредувањето.
Кои се другите предности што ги дава овој софтвер?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.