Рубрика: Медицина
Корекција на диоптрија со ласер – дали и кога?
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денес стана речиси мода, особено кај помладите, да се коригира диоптријата со цел да се добие добар вид со т.н. ласерска корекција. Посебно за овој метод се заинтересирани тинејџерите, а бидејќи се најголемиот број на читатели на ЕМИТЕР, мислам дека текстов ќе им помогне да добијат одредени сознанија пред да се одлучат на ваков зафат.

Со други зборови, не е само да имаш пари. Многумина мислат дека по интервенцијата одлично се гледа без очила и без контактни леќи!
Ако е ова баш така, зошто многумина кои имаат многу пари носат очила? Па и Билт Гејтс носи очила, да не нема тој пари да плати за ваква интервенција?! Исто така многумина очни лекари носат очила. Сте се запрашале ли зошто тие не си ја коригирале диоптријата со ласерска метода?! Од друга страна, текстов не е обид една нова метода во офталмологијата да ја омаловажи или да ја нападне неаргументирано и произволно. Ова не е антиреклама. Напротив. Во последните години офталмологијата со џиновски чекори оди напред, за што се благодарни милиони луѓе во светот. Целта на написот е да разјасни одредени нешта кои, за жал, на многумина млади луѓе им се непознати или не им се јасни. Но, да се вратиме на примената на ласерот во корекција на диоптријата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.