Рубрика: Електроника
Лед VU метар со опсег до 60dB
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако сакате динамиката на музичките сигнали да ја претставите визуелно на 20-сегментен барграф лед индикатор кој покрива динамички дијапазон од 60dB, вие сте на вистинското место. Дизајниран е како атрактивен десктоп VU метар за домашно аудио, има сопствено напојување, линеарен фреквентен дијапазон и возбуда директно од звучник. Едноставноста, малиот број на компоненти, малите димензии и прилагодливоста кон засилувачи со различна моќност и различната импеданса на звучниците го прават уредот да биде посакуван и атрактивен визуелен индикатор на секој еден Hi-Fi ентузијаст.

Најголемиот број на аудиоизвори (радиоприемници, CD плеери, касетофони...) во тек на својата репродукција на музички материјали не надминуваат динамички дијапазон (dynamic range) на звукот од 60dB. Овој податок го одреди бројот на потребните лед диоди за светлосна индикација на моќноста која ќе се мери. Рационалното отчитување од по 3 dB на секоја од одделните лед диоди и целниот дијапазон од 60 dB го одредија точниот број, VU метар со 20 лед диоди. Ако уредот се вгради во убава кутија или дизајнирана акрилна рамка за фотографија, а ако на тоа се додаде и селектор за избор на дијапазонот на моќноста која се мери, ќе се добие прегледен, точен и убав лабораториски инструмент во вашата мини-лабораторија за електроника.

Се потсетив на насловната страница на Емитер бр. 7-8 од 1996 год. кога беше објавен командниот пулт од мојата лабораторија за електроника, каде што во десниот агол на пултот, во делот за AUDIO TEST, се гледа вграден VU метар со десет лед диоди. Носталгично сакав да приложам линк до тој број, но веб-страницата на моето омилено списание е сè уште во изградба (не се внесени броевите од 1996 г.) и затоа приложувам алтернативен линк http://tehnikservice.net/blog/wp-content/uploads/2010/12/DSC_4745-1278-x...каде што можете да го погледате вградениот VU метар со 10 лед диоди.

Не знам дали се сеќавате на времето кога немаше интегрирани кола, па макотрпно се обидувавме да направиме VU метар со серија од транзистори, по еден за секоја лед диода за индикација, по еден транзистор како извор на константна струја и делител на напон. Замислете сега да требаше да подготвите ППК со над 20 транзистори, 60 отпорници и 20 лед диоди. За среќа, сега имаме интегрирани кола. LM3915 е "лек на избор".

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1131

ИК: LM3915

 
Приказ на работата на прототипот на LED VU-метарот
Клучни зборови:

LED VU-метарот во изработка на нашиот читател Јован Шикалоски од Охрид

LED VU-метарот во изработка на нашиот читател Јован Шикалоски од Охрид

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.