Емитер 9/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Околу нашата галаксија Млечен Пат орбитираат стотици сателитски мини-галаксии. Неодамна ним им се придружи уште една, новопромовирана мини галаксија, оддалечена само 17 илјади светлински год., т.е. речиси на дофат на Земјата. Благодет за астрономите, кои очекуваат таа да послужи како клуч за подобро разбирање на еволуцијата на галаксиите.
Природата понекогаш им се насмевнува на научниците. Сведоштво за тоа е најновото многу значајно откритие, кое го направи една екипа под раководство на Мексиканката Ева Нојола (Eva Noyola), актуелен астроном на институтот Макс Планк и Американецот Карл Герхард (Karl Gerhardt), астроном на Универзитетот во Тексас, благодарејќи на два најмоќни оптички инструменти во светот, орбиталниот телескоп Хабл (Hubble) и гигантскиот телескоп Џемини Саут (Gemini South) во Чиле. Тие утврдиле дека една групација од околу 2,5 милиони ѕвезди, на оддалеченост од 17 илјади светл. год. од нас, досега класифицирана во категорија "јато ѕвезди", всушност, е најблиска сателитска мини-галаксија до нашата галаксија Млечен Пат.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.