Рубрика: Аудио и видеотехника
Приказна за Scart конекторот
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Скоро сите сопственици на ТВ-приемници или видеорикордери знаат за постоењето на конекторот со необичен изглед, наречен SCART, што се приклучува одзади. Тој може да се користи кај стандардниот ТВ-приемник и кај дигиталното видео. Меѓутоа, на малкумина им се познати деталите за неговото настанување и функција.

Во раните осумдесетти години на минатиот век домашниот видеорикордер во Европа дојде преку Јапонија. Французите беа малку инертни, чекајќи европскиот видеокасетен формат да се зацврсти, но тие чекаа залудно. Мораше да се заборават комерцијалните борби од претходните години, и тогаш тие решија иднината на француската телевизија да ја направат поизвесна. Како резултат на тоа произлезе системот Mintel, претставен пред француската јавност за користење на еден вид Интернет-сервис, долго пред да се знае во другите земји за што, всушност, се работи. Како главен резултат од оваа работа произлезе SCART конекторот (Syndicate des Constructeurs d’Appareils Radiorécepteurs et Téléviseurs). Тој беше наменет за поврзување на домашниот телевизиски систем на истиот начин како што беа поврзувани hi-fi системите. Потоа би можеле да се внесуваат и надградуваат новите достигнувања едно по едно, овозможувајќи обичниот ТВ да стане висококвалитетен RGB монитор, независно од оригинално употребениот телевизиски систем. Во тоа време во САД и во Велика Британија, најдоброто што постоеше за меѓусебното поврзување беа ужасните РФ модулатори. Денес SCART конекторот е нашироко познат како Пертител (Pertitel) конектор или Еуроконектор (Euroconnector).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.