Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Компанијата Seagate го проби “плафонот” за надворешни тврди дискови со нивниот нов модел GoFlex External, кој има респектибилен капацитет од дури 4TB простор за складирање на податоци. Како што стојат работите, Seagate секоја година го зголемува капацитетот на своите тврди дискови за 1 TB имајќи предвид дека минатата година беше претставен нивниот модел со капацитет од 3 TB. Зголемувањето на капацитетот изнесува околу 30 %, што ќе признаете е сосема солидна бројка. Како и да е, се работи за прв ваков модел претставен на пазарот на уреди за складирање на податоци од некој производител.
Ако се вратиме малку назад, ќе се потсетиме дека требаше долго време за да се помине фамозната бариеара од 2 TB, па така временскиот период од 1 година разлика помеѓу моделот со 3 TB капацитет и новиот модел Seagate 4TB GoFlex External со 4 TB ни изгледа како мал период за таков напредок. Како податок за големиот напредок кој го направи Seagate нека ви послужи информацијата дека сега на новиот модел 4TB GoFlex можете да складирате околу 160 филмови во Blu Ray формат или пак околу 2000 компресирани HD филмови.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.