Рубрика: Информатика
Легендата замина во легендите (Steve Jobs, 24.02.1955 – 05.10.2011)
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Стив Џобс бездруго ќе остане запаметен како човек кој ја измени компјутерската, музичката и телефонската индустрија во минатите 35 години. Пасионираноста и енергијата, како и талентот да ги воочи технологиите и трендовите кои ветуваат пред другите и да помислат на тоа го направи легенда на денешницата, а Apple една од најголемите и најуспешни компании во САД и светот воопшто.

Познати изјави на Стив Џобс
"Зошто да се придружите на морнарицата кога можете да бидете пират?"
"Дизајнот не е само како изгледа и како го чувствувате. Дизајнот е како тоа нешто работи"
"Да се биде најбогат човек на гробиштата мене не ми е важно….одењето во кревет навечер, велејќи дека сме направиле нешто извонредно…тоа е тоа што ми е важно."
"Вашето време е ограничено, па не го трошете живеејќи живот на некој друг. Не бидете заробени од догмата – какво е живеењето со резултатите на размислувањето на други луѓе. Не дозволувајте буката од мислењето на другите да го удави вашиот глас. И најважно, имајте храброст да го следите вашето срце и интуицијата. Тие некако знаат што вие вистински сакате да станете. Сè друго е споредно".

Изјави на познати личности по повод смртта на Стив Џобс
"Сакам да го изразам моето длабоко жалење поради заминувањето на Стив Џобс, еден од основоположниците на нашата индустрија и вистински визионер. Моето срце оди кај неговото семејство, сите во Apple и сите оние кои беа во допир со неговата работа" – Стив Балмер, Microsoft.
"Денеска светот загуби визионерски лидер, технолошката индустрија загуби иконична легенда, а јас загубив пријател. Посветеноста на Стив Џобс ќе биде запаметена за генерациите кои доаѓаат. Моите мисли и молитви одат кон семејството и вработените во Apple" – Мајкл Дел, DELL.
"Со градењето на една од најуспешните компании на планетава, и тоа од својата гаража, го покажа духот на американската генијалност. Со правењето на персоналните компјутери и ставањето на Интернетот во нашите џебови ја направи информатичката револуција не само пристапна, туку и интиутивна и забавна. Со насочувањето на неговите таленти кон раскажувањето, донесе радост како на милиони деца, така и на возрасните. Стив велеше дека секој ден го живее како да му е последен. Со тоа што го направи ги трансформираше нашите животи, ја редефинира индустријата, и постигна едно од најретките достигнувања во човековата историја: го смени начинот на кој секој од нас гледа на светот. Стив беше меѓу најголемите америкаснки иноватори – доволно храбар да мисли поинаку, доволно силен да верува дека може да го смени светот, и доволно талентиран тоа да го направи" – Барак Обама, претседател на САД.
"Светот ретко гледаше некој кој имал длабоко влијание какво што имаше Стив, ефекти кои ќе ги чувствуваат многу наредни генерации. За сите нас кои имавме среќа да работиме со него, тоа беше преголема чест. Стив неизмерно ќе ми недостасува" – Бил Гејтс.

Заедно со Стив Возниак и нивното "чедо" плочата на Apple 1.

Заедно со Бил Гејтс.

Од промоцијата на MacBook Air

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.