Рубрика: Аудио и видеотехника
Mackie 1402-VLZ3 Compact Audio Mixer
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Написите кои ги објавувам во Емитер најчесто се за квалитетни аудио или видеоуреди. Но, едно се желбите, а друго можностите. Од друга страна постојат аматери, ученици и студенти кои сакаат да создаваат во овој домен, но не можат да набават скапа професионална опрема. Овој компактен аудиомиксер мислам дека можат да го набават, па затоа и написот е за него. Mackie 1402-VLZ3 Compact Audio Mixer е наменет за мали студија за едитирање или снимање кои можат да битат сместени и во вашиот дом, но и за снимања на разни објекти и случувања надвор. Сите приклучени линиски и микрофонски извори функционираат во совршена хармонија со присутна сигурност и квалитет.

Mackie 1402-VLZ3 Compact Audio Mixer е аудиомиксер со 14 микрофонски/линиски канали, спакувани со уникатна електронска умешност; при тоа постојат неколку надворешни дизајн верзии. Ако и досега сте користеле каква било аудиомиксета, работата со овој уред нема да ви биде воопшто тешка. Функционира вообичано со помош на потенциометри, копчиња и LED диоди за сигнализација, кои имаат единствена цел како краен производ да дадат добар и квалитетен аудиосигнал.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.