Мрежните (network) плеери во последниве години се сè попопуларни, зафаќајќи значаен дел од светскиот пазар на хај-фај уреди. Што е нивната предност? Наместо да трошите многу пари на купување оригинални ЦД-дискови, можете да ја платите само услугата на провајдерот кој преку интернет ќе ви ја достави секоја песна или композиција што ќе ја посакате, од нивната огромна база на музички содржини. Така, не морате да купувате цело ЦД за да уживате само во баш таа една песна што ви се допаѓа од целото ЦД. Дополнително, секогаш можете за соодветна сума да го преземете она што сакате да го имате постојано на хард-дискот. Иако најголемиот број на ваквите провајдери испорачуваат музички содржини само во МП3 формат (од 160 до најмногу 320 kbps), на вистинските аудиофили на располагање им се провајдери (на пример Tidal), кои нудат музички содржини во оригиналната висока резолуција (FLAC).
Но кој мрежен плеер да го купите? Добар показател се наградите и препораките од специјализираните хај-фај списанија, а тука неприкосновено водат производите на Cambridge Audio, и тоа моделот CXN во средната класа и Azur 851N во високата, кои три години по ред се прогласувани за најдобри во своите категории. Во Azur 851N се вградени два high-end конвертора Wolfson WM8740 , а во CXN два висококвалитетни D/А конвертори Analog Devices AD1955. Поддржани се сите можни аудио формати, а за почетокот на 2018 година е најавен софтверски upgrade за компатибилност со провајдерот Tidal за репродукција во висока резолуција.
Овие мрежни плеери, како и сите други производи на Cambridge Audio можете да ги купите кај ексклузивниот македонски застапник Алфа Аудио, во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320, или посетете ја нивната веб-страница alfaaudio.com.mk