Рубрика: Информатика
AMD Fusion техологија
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


AMD некако по обичај малку доцни во понудата на процесори во однос на својот конкурент Intel, но тоа не значи дека на пазарот не нуди производи кои имаат одлични перформанси и кои лесно го наоѓаат патот до целната група на купувачи. Така технологијата на AMD наречена Fusion која го поставува тежиштето на мала потрошувачка на енергија и интегрирана графика е достоен противник на Sandy Bridge на Intel. Логично нема веќе посебна CPU и GPU единица, кои сега се интегрирани во едно – APU. Оваа технологија практично наоѓа примена како кај преносните така и кај десктоп системите, а во овој текст главно ќе се осврнам на оние наменети за преносни компјутери (лаптоп, notebook).

Во пошироката јавност, вклучувајќи ја и нашата, многу повеќе се обрнува внимание на процесорите на гигантот Intel, додека AMD има подредена улога. Често ми се случува да ме прашаат за избор на компјутер чија носечка сила е процесор на AMD или на Intel, па повеќето ги избираат оние со Intel процесор, иако во некои случаи се значително поскапи. Малку тешко оди убедувањето дека во средната класа процесорите на AMD се дури и подобар избор ако се земе предвид соодносот цена перформанси.
Како и да е беше логично да се очекува дека AMD ќе понуди соодветен одговор на Intel Sandy Bridge платформа. Нивниот одговор е Fusion технологијата на која компанијата работеше веќе подолго време. Во основата на оваа технологија стои спојувањето на CPU и GPU во една целина, поточно на еден чип. Ако се вратиме малку наназад, AMD го промовираше овој концепт уште во 2007 година со цел да да ја намали големината, потрошувачката на енергија и цената на чинење.
Новоста кај AMD е тоа што новиот процесор AMD сега го нарече APU (Accelerated Processing Unit) и тој ги содржи во себе и двете компоненти.
Конструкторите на компанијата и понатаму дозволуваат користење на екстерна графичка картичка, што е секако добра можност за оние кои сакаат поквалитетна графика. Интересно, но компанијата мисли дека со својата нова технологија не само што има одличен туку и подобар одговор во однос на Intel, па дури и во однос на Nvidia.
Овој ентузијазам се должи на фактот што Intel навистина отсекогаш нудел графички решенија за своите системи, но квалитетот на нивните графички процесори е многу под нивото на главниот конкурент NVidia и порано ATI. Од друга страна, како што ви е добро познато, AMD направи еден значителен чекор во својот развој со купувањето на компанијата ATI која беше единствен достоен конкурент на NVidia. Иако за многумина ова беше изненадувачки чекор, се покажа дека менаџментот на AMD имаша своја визија кога се одлучи на овој потег за што имавте можност и да читате во минатите броеви на Емитер од авторот на овие редови.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.