Рубрика: Автомобилска техника
Справување со издувните гасови
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сè си има свој почеток и крај. Истото му се случува и на свежиот воздух кој влегува низ грлото на карбураторот, па се меша со бензинските ситни капки и пареи во карбураторот и шмукачката гранка и така подготвен за акција навлегува во цилиндарот. Откако моторот ќе ја "обработи" оваа гасна смеша, сосема нормално е, а и логично (да бидеме искрени), да се ослободи од неа. За ова е потребна посебна инсталација која популарно се нарекува ауспух и за него ќе стане збор во продолжение на написов.

Најнапред една напомена: ќе стане збор само за класичен издувен систем за возилата опремени со ото и дизелски мотор. Нема да бидат опфатени катализаторите и пречистувачите на издувните гасови кои ги среќаваме кај современите моторни возила, ниту пак издувните системи кај двотактните мотори кои користат гориво популарно наречено "мешавина". Исто така, целта на написов е само запознавање со издувниот систем кај моторните возила, кој во мајсторскиот жаргон е познат како ауспух. Ќе бидат дадени и неколку практични совети за одржување, поправање и замена на одделни делови од овој систем.

Клучни зборови:

Собирна гранка.

Карактеристичен пример на издувен лонец на своето "работно" место

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.