Рубрика: Автомобилска техника
Автомобилот и животната средина
Автор: Томе Скендеровски
Објавено на 17.12.2013 - 10:31

Во почетокот беше еуфорија проследена со безгрижност. Потоа дојдоа првите ладни тушеви со недостатокот на нафта и нејзината висока цена. Следуваше помирување со високата цена, па натамошно зголемување на продукцијата на автомобили, и дојдоа првите аларми за загадување на животната средина. Денеска правиме анализи и проекции за иднината и како човештвото да се спаси од самоуништување. На пример, денеска во атмосферата на годишно ниво се емитираат 4 милијарди тони CO2 само како последица на личниот превоз од автомобилите. Европа во таа бројка учествува со 12%. Згора на тоа, сообраќајот значително го намалува квалитетот на животот во урбаните средини. Ќе се остварат ли црните сценарија за опстанокот на животот или сепак, ќе одговориме на предизвикот и ќе ги елиминираме заканите по живиот свет на планетава Земја.
Во табелата можете да видите еден добар преглед на производството на нови автомобили по декади, во светски рамки, и нивното влијание врз животната средина, почнувајќи од шеесетите години на минатиот век, па сè до 2030 година, како проекција.

Клучни зборови: