Рубрика: Аудио и видеотехника
Малото височество HDR-AS15
Автор: Јане Стефанов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Малото височество HDR-AS15 во моите раце. Каква радост. Иако долго време се обидувам да снимам ектремни видеа од сите будалаштини со кои се занимавам, ме изненади понудата од уредникот на Емитер да ја тестирам и да напишам приказ на новата камера на Сони наменета за снимање акција. Прифатив без размислување. Сакав да видам што понуди големиот Сони на пазарот за камери за акција.

Низ рацеве ми поминале повеќе модели и произведувачи на вакви камери. Поголемиот дел ги скршив или ги изгубив за да стигнам до мојот фаворит HD HERO GO Pro. Во трката на камерите за акција, од за мене непознати причини, Сони се вклучи многу доцна. Веќе на пазарот царуваше GoPro и еден куп кинески мали камери. Сакав да видам со што може да ме плени оваа камерка.

Најпрвин сакав да утврдам што е најбитно за една камера за акција. Тргнав од тоа што се моите побарувања: квалитетна слика, издржливост, лесна монтажа и батерија. Анализирајќи ја од овие аспекти, се дефинираа и некои други моменти кои на прв поглед изгледаат небитни, но се премногу значајни за луѓе што сериозно ги работат акционите видеа. Квалитетот на сликата го споредував со GoPro 2 од домашната колекција. Бидејќи не ми дозволија да ја тестирам нескршливоста со чекан, решив да не го правам тој тест и да верувам на добриот имиџ на Сони како производител на издржливи камери.

Тестот заврши со констатацијата: "Сепак тоа е Сони". Лесната монтажа ја ограничив на додатоците кои ми беа достапни: носач за на глава со ластик, држач за на која било цевка до еден цол и самата водоотпорна кутија која на долниот дел има стандардна навртка за монтирање на држач. За проверка на долготрајноста на батеријата беше лесно. По еден час полнење, ја вклучив на снимање и им ја дадов на моите деца. Им реков да снимаат сè на спортскиот аеродром Стенковец. Се вратија по неколку часа со снимен материјал долг 2 часа и 33 минути и потрошена батерија. Ги поделив моите забелешки во три групи: "добри", "одлични" и "ќе мора да се потрудат во следниот модел."

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.