Рубрика: Аудио и видеотехника
Изложба "Аудиотехника – професија, страст и уметност"
Автор: Бранислав Геразов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Аудиотехниката комплексно и богато ги храни сите наши рецептори и ги исполнува со бројни разновидни задоволства: визуелни – од дизајнот на hi-fi уредите, тактилни – од користењето на уредите, слушни – од ужувањето во репродуцираната музика, но и спознајни – за начинот на функционирање на уредите. Накусо, мултидисциплинарен хедонизам кој се доживува истовремено. На 17.5.2013 ФЕИТ организираше изложба со која им ја приближи аудиотехниката на сите заинтересирани за нурнување во големиот универзум на задоволствата.

Посебен гостин на изложбата беше Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, голем аудиофил и вљубеник во музиката и аудиотехниката. Тој придонесе кон збогатување на изложбата со 6 експонати со ексклузивна вредност од својата домашна колекција. Се работи за засилувачи коишто тој самиот ги има изработено, но и старински радиоприемници што ги има репарирано и реставрирано, како и стари аудиофилски звучници. Во рамките на настанот, претседателот одржа и едночасовно предавање на тема "Потрага по совршениот звук", кое беше проследено со посебен интерес од студентите, кадарот на ФЕИТ и присутните гости.
Изложбата ја отвори деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, кој нагласи дека Факултетот е еден од стожерите на техничките науки во Македонија. Аудиотехниката, како една од овие области, се негува на ФЕИТ уште од неговото основање. Институтот за електроника уште од 60-тите години на минатиот век ги покрива основите за градбата на речиси сите уреди во аудиотехниката, од ерата на електронските цевки, преку ерата на биполарните транзистори, па сè до дигиталните аудиосистеми.

Клучни зборови:

Од отворањето на изложбата

Радио-приемник Spezialsuper 53 SH830GW на Siemens од 1952 година

Радио-приемник Јастребац Т54, Никола Тесла од 1954 година

Радио-приемник RR 230 на Радио рендген завод, Ниш, од 1965 година

Радио-приемник TESLA 53C, Никола Тесла од 1953 година

Пренос-лив грамофон His Master's Voice No 4

Отворен звучник (open baffle) во самоградба и репариран звучник Philips AD5046 (десно)

Звуник Bowers & Wilkins CM8

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.