Емитер 5/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Доколку сакаме да бидеме присутни на интернет, потребно е да изработиме веб-страница со која ќе се промовираме себеси или сопствениот бизнис. По изработката на веб-страницата, неа треба да ја поставиме на сервер, за таа да биде достапна до целиот свет. Процесот на поставување на сервер чини пари, но тоа можеме да го заобиколиме доколку го искористиме сопствениот компјутер како сервер. Како да го направиме тоа, објаснето е во следниот текст.
Како што кажува самиот наслов, целта на овој напис е да ни го објасни начинот на кој можеме да го искористиме сопствениот компјутер како веб-сервер. Процесот се состои од инсталирање на самиот веб-сервер – IIS (Internet Information Services), поставување на некоја веќе изработена веб-страница и пристапување до таа страница користејќи ја IP-адресата на серверот. Најпрво треба да имаме направено веб-страница која сакаме да ја поставиме на сервер, а потоа потребно е да го подготвиме нашиот компјутер да ја игра улогата на веб-сервер, проширувајќи го оперативниот систем со додаток наречен IIS. Постапката за негова инсталација, како и поставувањето на веб-страница на самиот сервер не е многу сложена и е објаснета детално, колку што дозволува просторот во ова списание. Објаснувањето е за инсталирање на IIS 7 на компјутер со оперативен систем Windows 7, но е многу слично и на другите верзии од оперативниот систем Windows (за Windows XP потребно е инсталациско CD од оперативниот систем за инсталација на IIS).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.