Емитер 10/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При формирањето на домашна мрежа кај оперативниот систем Windows 7 честопати пристапот кон деливите (shared) партиции и фолдери е невозможен кога се обидуваме да пристапиме од друг компјутер. Еве како се решава овој проблем.
Поплака од колега од работа за ваков конкретен проблем беше поводот да ја напишам оваа статија :-). Верувам дека и други "компјутерџии" (изразот корисници секогаш ми бил помалку несмасен и колку можам го избегнувам) се сретнувале со ваков проблем, па решив еднаш засекогаш да ја прекратам оваа дилема. Тука пред сè целам на понеискусните и понеупатените – статијава првенствено е наменета за нив.
Да бидам искрен, понекогаш жалам за стариот добар Windows XP. Кај него беше потребно да се креира мрежа на стариот добар "пешачки" начин, но во тоа никогаш не гледавме нешто страшно. Вклучувањето на опцијата “Full Share” (чинам ова беше точниот назив) овозможуваше непречена размена на документи меѓу два и повеќе компјутери.
Донекаде поедноставеното креирање мрежа кај оперативниот систем Windows 7 повлекува друг проблем, кој е врзан токму за пристапот кон деливите фолдери и партиции од хард дисковите. Донекаде и има логика – стандардно, размената преку фолдерот за јавна размена (My Computer > Local Disk (C:) > Users > Public) целосно е овозможена. На корисникот (уфф!) му е оставено самиот да одлучи кому ќе му овозможи пристап до останатите делови од хард диско(ви)т(е). Но, зошто за тоа нема волшебник (wizard), зошто таа опција е искомплицирана до максимум? Тоа го знаат само во Редмонд….
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.