Рубрика: Информатика
Таблети за кога не ве боли глава
Автор: Гоце Постоловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од фирмата ЕМИ медиа на тестирање добивме 3 одлични 7-инчни таблети, сите од различни производители, релативно слични однадвор, но сепак, секој со различен "шмек" но и моќ, како при првиот, така и при неколкуте следни допири. Еве ги нашите искуства и резултати од тестовите.

Кога се појавија пред неколку години, ретко кој се осмелуваше да им предвиди светла иднина на таблетите. Па, на крајот на краевите постоеја и други преносни компјутери како нетбуковите на пример, кои имаа оперативен систем кој беше познат, тастатура за полесен внес и сосема солидни 10+ инчи за основни работи во движење, додека за новопојавените таблети се зборуваше дека тие се само голем телефон на кој не можеш да се јавиш, сè ќе помине брзо и ќе бидат уште еден уред кој не успеал. Но… неколку години подоцна, пазарот и технолошки разбудените купувачи покажаа дека не само што таблетот нема наскоро да исчезне, туку и дека го чека светла иднина. Наеднаш расположението се смени и кај оние што до вчера тврдеа дека нема ништо од ова. Таблети почнаа да се појавуваат насекаде и речиси секоја поголема компанија којашто се занимава со мобилни технологии побрза да извади свој продукт на пазарот, нешто поразличен од останатите. Иако започнаа со 10-инчни модели, сепак набргу се покажа дека покрај нив корисниците бараат нешто помало за полесно носење и работење со него, а сепак поголемо од мобилните телефони чии екрани беа и уште се околу 4-5 инчи во дијагонала. Соломонското решение се најде во 7-инчните таблети кои набргу станаа и најпополурани, пред сè, поради нивната прифатлива големина и можноста лесно да се носат секаде, како и поради поевтината цена во однос на поголемите модели. Така голем број производители решија да започнат токму со оваа комбинација на големина и цена, а примерот на крај го следеа и оние кои го измислија таблетот, како Apple, кој до крај не се предаваше и не правеше помала и подостапна варијанта од својот популарен iPad за потоа да сме сведоци на неговата мини-верзија.
Покрај веќе познатите компании кои произведуваат таблет, 7-инчните верзии им овозможија и на некои помалку познати или воопшто непознати да се обидат да се пробијат на пазарот, притоа нудејќи им на корисниците поевтини и подостапни модели, што секако беше чекор вреден за почит и внимание. Доказ дека добро се држат и се носат во однос на "џиновите", се и овие модели за нашиот тест во кој покрај модел на познатиот Samsung имавме и уште два други, од кои едниот е релативно непознат кај нас, но со растечко реноме кое ветува.
Во продолжение, нашите впечатоци од уредите кои ги тестиравме: Samsung Galaxy Tab 2 (7.0), Quart QP710, Prestigio MultiPad 7.0 Prime+. За да имаме и некоја аритметичка потврда за нашите лични впечатоци, ја користевме апликацијата AnTuTu, која важи за една од подобрите и почесто користените кога станува збор за тестирње Android уреди. Поточно, оваа апликација ги тестира меморијата, процесорот, графичкиот потсистем и сето тоа го сублимира во една оцена, која потоа може да се спореди со останатите слични уреди.

Клучни зборови:

Samsung galaxy tab 2

Prestigio multipad 7

Quart qp710

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.