На facebook повеќе не е можно да споделите линк што води до The Pirate Bay (thepiratebay.com) или до некој од другите торенти во неговото внатрешно пребарување. Оваа промена во политиката на Facebook беше забележана од страна на Torrent Freak, а по оваа вест можноста за споделување ја проверивме и ние. Инаку, The Pirate Bay не е единствениот извор за пиратски содржини којшто е блокиран од страна на facebook, но секако е најпознатиот.
Приказната за споделување линкови од Pirate Bay на facebook трае веќе цела деценија, период во којшто Facebook напразно се обидуваше да го договори со Pirate Bay отстранување на Share копчето од страниците закотвени во заливот на пиратите. Сосема очекувано, Пиратите ова не го сториле, па во Facebook биле присилени да ги блокираат сите облици на споделување на пиратски линкови на социјалните мрежи. Со текот на времето, оваа блокада попуштила, за сега повторно да стане активна. За оваа мерка да биде поефикасна, овие линкови не можат да се споделуваат дури ни преку Facebook Messenger.
Од Фејсбук блокадата ја правдаат со нивниот правилник којшто забранува споделување на пиратски содржини како и такви за коишто постои можност дека кршат авторските права. Од друга страна постоењето можност е прилично “лабав” опис. Имајќи предвид дека самите торенти и можноста за нивно споделување не се незаконски бидејќи тие може да се употребат за споделување на секаков вид датотеки. Но, во Facebook се решиле да не ги филтрираат линковите според нивната содржина, туку по нивниот извор, па на овој начин ги блокирале споделувањата на апсолутно сите линкови што доаѓаат од пиратски домени.