Рубрика: Електроника
Таурус 20 - SSB QRP трансивер (1)
Автор: Миле Кокотов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


“Таурус 20” е едноставен QRP SSB трансивер за 20-метарскиот радиоаматерски опсег (14 MHz), со кој можат да се одржуваат радиоврски од дома, со стационарна антена, но исто така многу е погоден за мобилна работа, од излет, прошетка во парк, планина, плажа и слично. Потрошувачката на струја од акумулаторот е мала. Фреквенциското подрачје во 20-метарскиот радиоаматерски опсег е интересно поради тоа што со мала моќ и со релативно мала антена можат да се одржуваат радиоврски со цела Европа, а и подалеку. Монтажата и пуштањето во работа на овој уред не е сложена, па дури и радиоаматерите-почетници можат без поголеми проблеми да го реализираат.

“Таурус 20” е едноставен QRP SSB трансивер за 20-метарскиот радиоаматерски опсег (14 MHz), конструиран од полскиот радиоаматер Влоџимјерш Салва (Vlodzimierz Wlodek Salwa, SP5DDJ). Му се заблагодаруваме за дозволата да го објавиме неговиот трансивер во ЕМИ-ТЕР, веруваме на задоволство на сите радиоаматери во Македонија. Приемникот е дизајниран како хетеродински приемник со една конверзија за прием во рамките на SSB фреквенцискиот опсег во 20-метарскиот радиоаматерски банд: од 14,100 MHz до 14,350 MHz. Може лесно да се прошири на целиот 20-метарски опсег (14,000 до 14,350 MHz). Се користи меѓуфреквенција од 10MHz, со кварцен филтер составен од 4 кварцни кристали од по 10 MHz. Филтерот е доволно селективен и обезбедува удобен прием на SSB сигналите. Приемникот има повеќе од доволно чувствителност и селективност и едноставен систем за автоматска регулација на засилувањето со која се избегнува дисторзијата од јаките сигнали на локалните радиостаници.

Во предавателот на "Таурус” се користи посебен кварцен филтер и посебен генератор на носечки сигнал. Излезниот степен на предавателот е дизајниран со моќен транзистор кој треба да се монтира на мал ладилник. Излезната моќ е 3 до 4 W. “Срцето” на трансиверот е чипот MC3362P на “Моторола” кој се користи и во безжичните телефони и во VHF FM приемниците. Трансиверот користи два внатрешни миксера и два генератора на VF-сигнал, еден во приемникот и еден во предавателот. За нагодување на фреквенцијата на VFO-генераторот се користи потенциометар со кој го менуваме напонот на варикап диодите, чиј капацитет се менува со менувањето на напонот. VFO-генераторот е заеднички и за приемникот и за предавателот, а за таа цел се користи еден дел од чипот MC3362P. Правилно составен и нагоден трансивер овозможува комуникација со радиоаматерски станици од цела Европа со употреба на дипол-антена или DX-врски со употреба на насочена антена со засилување на сигналот од типот на Јаги или Квад антена. Трансиверот овозможува и работа на други радиоаматерски бандови со замена на калемите од приемникот и предавателот (и по некој кондензатор). За 80-метарскиот банд (3,7 MHz) со употреба на меѓуфреквенција од 8 MHz, VFO-генераторот не бара модификација. Трерот 

 

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1701
Транзистори: 2N3904, J310, 2N2219, 2SC2078; ИК: LM741, SA612AN; Кристали: 10MHz HC49/U
 
Клучни зборови:

Поглед на предната плоча на трансиверот Taurus 20

Поглед во внатрешноста на трансиверот Taurus 20

Трансиверот Taurus 20 изработен од радиоаматерот John PD7MAA

Трансиверот Taurus 20 изработен од радиоаматерот SP9RQH

Трансиверот Taurus 20 изработен од радиоаматерот SP5EIN

Трансиверот Taurus 20 изработен од радиоаматерот SP7BUZ


Изработените плочки за Таурус 20 од Горан Трајановски од Скопје

Проба на работна маса на изработениот Таурус 20 од Горан Трајановски од Скопје

Изработениот Таурус 20 од Горан Трајановски од Скопје - предна плоча

Изработениот Таурус 20 од Горан Трајановски од Скопје - поглед во внатрешноста

Изработениот Таурус 20 од Горан Трајановски од Скопје

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Таурус 20 во изведба на Стефан Милојчевски од Пробиштип

Фотографија од Таурус 20 изработен од Љупчо Најдановски Z32EM

Фотографија од Таурус 20 изработен од Љупчо Најдановски Z32EM

Фотографија од Таурус 20 изработен од Љупчо Најдановски Z32EM

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.