Емитер 12/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Описот на проектот што следи ќе биде надополнување на терморегулаторот објавен во ЕМИТЕР 2/02, наменет за лемилото SOLOMON SL-1, со вграден термопар и моќност на грејачот од 48 W. Сите предности кои ги содржи претходно опишаниот проект ќе бидат задржани, со неколку надополнувања: светлосна индикација на нагодената и постигнатата температура со низа од 10 лед диоди, намалена хистереза помеѓу вклучувањето и исклучувањето, можност за прецизно нагодување на температурата и галванска одвоеност на грејачот од придружната електроника и мрежното напојување со трансформатор и оптоизолатор (opto-coupler).
Терморегулаторот за лемило со температурна индикација како една функционална целина е составен од неколку независни електронски блокови: влезен напонски засилувач на еднонасочен напон реализиран со IC4, извор на референтен напон и напонски компаратор во состав на IC2, светлосна индикација на температурата со т.н. "bargraph display", со IC1 и 10 лед диоди, побудувачки степен за тријакот остварен со T1 и IC5, степен за галванско одвојување изграден со IC5 и извор на напојување од 2 x 12V/2A.
Напојување: 230Vac Температурен опсег: 150 - 450 °C
Трансформатор: 230V/2x12V/2A
Лемило: Solomon SL-1
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.