Омнибус

Американските научници открија две нови планети;
Pioneer DEH-1600R - достапно задоволство;
Новиот Форд Фокус атакува на врвот;
Open-source во Париз;
Вкусот кон одреден тип на храна се формира во првите седум месеци од животот;
Интел Пентиум 4 на 4 GHz;
Пробно DRM радио-емитување од СБ предавателот во Овче Поле;
НАСА го презентираше најбрзиот суперкомпјутер во светот;
Фотографиран и Ксанаду;


Омнибус

Краток извештај од најголемата европска изложба на пронајдоци, иновации и нови технологии каде што сите 5 македонски претставници освоија медали.


Автомобилска техника

Пред 100 години господата Чарлс Стјуарт Ролс и Хенри Фредерик Ројс се договориле да формираат заедничка фирма за производство на автомобили. Резултатот од тој договор е раѓањето на, несомнено, најценетата и најлуксузната автомобилска марка во 20 век без која тешко би можел да се замисли животот на многу светски кралеви, претседатели, естрадни ѕвезди, бизнисмени и други богаташи.


Автомобилска техника

Често пати при купување на моторно масло за нашиот автомобил се прашуваме што значат ознаките на амбалажата на моторното масло. Исто така, доколку го немаме упатството за возилото во кое е пропишано со какви карактеристики да е моторното масло, тогаш не ни останува ништо друго освен самите да направиме избор. Второ, најчесто поставувано прашање е интервалот за замена на моторното масло. Одговор на овие, а и на некои други прашања ќе најдете во текстот што следува.


Аеронаутика

Потребата за нов унифициран ловец кој ќе ги задоволи потребите на повеќе европски воени воздухопловства, допринесе за создавање на денешниот борбен авион Еурофајтер Тајфун. Но, поради одолговлекување на развојниот прецес, уште на самиот старт на неговото производство леталото поседува застарена аеродинамичка конструкција, во која е вградена најсовремена електронска опрема.


Астрономија и астронаутика

Дали се сеќавате на холивудските блокбастери "Армагедон" или "Длабок удар"? Во нив режисерите, актерите и мајсторите за визуелни ефекти многу описно ни доловија неколку сценарија за тоа што би се случило доколку Земјата на своето бесконечно патување околу Сонцето се судри со некое вселенско тело (метеор, комета..). Колку од тоа е вистинска опасност, а колку само креативно достигнување на гореспоменатите?


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. За разлика од минатите месеци, кои ја одбележаа една од поинтересните години во астрономијата, последниов може да се вброи во обичните, без некои посебни случувања. Може да го издвоиме метеорскиот рој Геминиди и добрите позиции за набљудување на Јупитер и Сатурн.


Астрономија и астронаутика

Венера е името на советската вселенска мисија, која во периодот од 1967 до 1984 година ја проучуваше истоимената планета-близначка на нашата Земја. Единствените фотографии на површината на оваа пеколна планета се достигнување токму на мисијата Венера. Во овој текст се наведени сите нејзини летала што успешно си ја завршија задачата.


Аудио и видеотехника

DV-02 е софистициран и елегантен систем за домашно кино со одличен однос на цената и перформансите, што го издвојува од бројните и сè попопуларните евтини сараунд-комплети кои најчесто го немаат ниту основното и минимално ниво на квалитет.


Аудио и видеотехника

Моделот R-865, кој како 7.1 аудио/видео рисивер е еден од најрепрезентативните модели на фирмата Sherwood и, воедно, претставува прво запознавање со производите на оваа фирма на страниците на ЕМИТЕР. Инаку, уредите од програмата на Sherwood, веќе една година официјално се достапни и на нашиот пазар и тоа преку фирмата ЗЕЦ Електроникс.


Аудио и видеотехника

Покрај сауната, Финците на светот му подарија уште една убава и корисна работа - звучниците Genelec. Фирмата Genelec произведува квалитетни активни (со вградени засилувачи) студиски мониторски звучници. Професионалците во студијата многу често користат активни звучници - тие се компактни и добро прилегаат зад големиот тонски микс-пулт. Ваквите звучници се приклучуваат директно на излезот од микс-пултот.


Електроника

Каналот за синхронизација содржи две гранки: вертикална синхронизација и хоризонтална синхронизација. Заеднички дел на двете гранки е склопот на почетокот, а тоа е сепараторот на импулсите за синхронизација, со кој се одделуваат импулсите за вертикалната и импулсите за хоризонталната синхронизација, прво од сложениот видеосигнал, а потоа и меѓусебно. Може да биде од полза да се навратите на ЕМИТЕР бр. 3/04 и да ја освежите меморијата на оваа тема!


Електроника

Температурниот коефициент на силициумски PN-спој е релативно голем и стабилен. Тој е практично линеарен во широк температурен опсег. Неговиот износ во тесни граници варира околу -2mV/°C, а точната вредност зависи од употребениот материјал, како и од технологијата на изработка на полуспроводничкиот елемент. Стабилниот температурен коефициент на силициумските PN споеви овозможува примена на силициумските полуспроводнички елементи како сензори за мерење на температурата.


Енергетика

Хибридните системи се комбинација од повеќе извори на електрична енергија: ветерна турбина, соларни панели, дизел-агрегат, итн. Тие се осмислени за напојување на мали потрошувачи (викендички, села, репетиторски и телекомуникациски станици, мали острови) кои се изолирани од дистрибутивната електрична мрежа заради нивната географска локација, што значи дека технички поврзувањето би било тешко изводливо или неисплатливо.


Информатика

Претставете си да можете да создавате интерактивни мултимедијални игри, коишто ќе можат да ги играат корисниците на Глобалната светска мрежа, Интернетот или, пак, он-лајн анимирани каталози, кои не само што ќе им помагаат на клиентите да ги пронајдат бараните производи, туку и ќе им овозможат и купување на истите преку сигурни он-лајн системи на плаќање.


Информатика

На 06.10.2004 во хотелот "Холидеј Ин", официјално се одржа Конференција на тема Kaspersky Security, на која држеа предавање лично претставниците од Kaspersky Lab, г. Евгениј Касперски, како извршен директор и основач на компанијата и неговиот помошник, г. Денис Зенкин. На оваа Конференцијата своето излагање г. Евгениј Касперски го насочи кон безбедноста на компјутерските мрежи во ерата на Интернетот, притоа укажувајќи на почетоците во развојот и откривањето на вирусите.


Информатика

Уште една позната дистрибуција од фамилијата на Live CD-а, својствена по својата едноставност и пријателска настроеност кон корисниците. Со самиот факт дека ова е "живо", самоподигнувачко CD, можеме да кажеме дека во глобала познати ни се карактеристиките од претходните текстови кога пишував за Knoppix. Но, колку за потсетување, овие типови на дистрибуции ни даваат слобода и мобилност во нашата работа.


Информатика

Телнет е програма која се користи за поврзување на одреден компјутер со некој сервер преку одредена порта (port), карактеристична за тој сервер. Исто така, со телнет може да се направи и директна конекција до друг компјутер. Телнет е клиент-сервер апликација која го користи TCP/IP протоколот, без зависност од оперативниот систем на корисникот.


Информатика

Новата Интел Центрино мобилна технологија е најновиот изум на Интел. Интел Центрино мобилната технологија комбинира нов микропроцесор со мобилно оптимизиран чип и дополнително решение за безжична LAN конекција. Intel Pentium M процесорите се главната компонента на Интел Центрино мобилната технологија.


Историја и археологија

Дали прикаската на старогрчкиот филозоф Платон за мистериозно исчезнатиот остров Атлантида е имагинација или историска вистина? Многу контроверзни хипотези за локацијата на Атлантида. Каков е ставот на современата наука по тоа прашање?


Медицина

Витаминот Ц е последниот од групата на хидросолубилни витамини. Неговиот недостаток ја предизвикува болеста скорбут, можеби најпознатата болест меѓу морнарите, која во минатото била нивен чест придружник на далечните поморски патувања.


Телекомуникации

За многумина мобилните телефони сè повеќе прво претставуваат тренд, а потоа потреба. Во овој број ви презентираме два модели на мобилни телефони произведени од компании кои не се доволно познати на нашиот пазар. Се работи за телефони кои покрај фантастичниот изглед, поседуваат и некои компаративни предности во однос на другите телефони.


Телекомуникации

Неодамна финскиот производител Нокиа (Nokia) на пазарот претстави нова колекција на мобилни телефони, кои се наменети за корисниците кои не се многу заинтересирани за бројот на имплементирани нови технологии, колку за изгледот и тоа нивниот "џебен пријател" да биде уникатен во однос на "околината". Сепак, имајќи предвид дека производителот на моделите 7260, 7270 и 7280 е гигантот Нокиа, не може да очекуваме недостаток на некои "основни" функции, карактеристични за високата класа.


Фототехника

Последниве неколку години донесоа голем напредок во технологијата која непосредно се пренесе и во полето на фотографијата во насока на појава на дигитални фотоапарати. Предностите на оваа технологија се многустрани, но најголема добивка е што снимената фотографија ја добивате директно во дигитален формат погоден за обработка и тоа што може веднаш да ја погледнете, а ако не ви се допадне - да ја повторите.


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Електроника

Сведоци сме на секојдневниот напредок на технологијата. Уредите се сè помали и помали, а нивните можности сè поголеми. Во овој напис ќе ви прикажеме едно многу едноставно решение за прием на радиодифузното подрачје на УКБ.


Електроника

Описот на проектот што следи ќе биде надополнување на терморегулаторот објавен во ЕМИТЕР 2/02, наменет за лемилото SOLOMON SL-1, со вграден термопар и моќност на грејачот од 48 W.


Електроника

Стробоскопот е уред без кој не може да се замисли една добра забава. Но, дали кога сте сакале да го изработите сте наишле на проблем да ја најдете ксенонската цевка, или, пак, употребената цевка од вашиот фотоапарат пребргу се загрева!? Во следниот текст е опишан стробоскоп со кој веќе нема да ги имате овие проблеми, бидејќи тој работи со неонска цевка која секој од нас може лесно да ја набави или, пак, веќе ја има во својот дом.


Писма
Пофалби и критики
Гитарски засилувач