Рубрика: Информатика
MandrakeMove 1.0 - виртуелна едноставност
Автор: Драган Јованоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Уште една позната дистрибуција од фамилијата на Live CD-а, својствена по својата едноставност и пријателска настроеност кон корисниците. Со самиот факт дека ова е "живо", самоподигнувачко CD, можеме да кажеме дека во глобала познати ни се карактеристиките од претходните текстови кога пишував за Knoppix. Но, колку за потсетување, овие типови на дистрибуции ни даваат слобода и мобилност во нашата работа. Не бараат инсталација и сите придружни перипетии кои одат со неа, сигурни сме дека нема да доживееме нервен слом поради пад на системот, бидејќи тоа не се случува, нема потреба од инсталација на управувачки софтвер, бидејќи автоматски го препознава и најважно е дека ги содржи скоро сите програми кои ни требаат во секојдневната работа. Единствена работа која не е во предност е времето на подигање на апликациите, но веќе поминавме и преку тие работи, нели ?!?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.