Ветено на CES 2019 – и остварено. Почетокот на овој месец помина во знакот на најновите VR додатоци, овојпат во 8K резолуција.
Премногу добро за да биде вистинито? Па, донекаде сте во право... PRIMAX во овој свој хедсет, всушност, има вградено две 4K леќи, по една за секое око, со upscale на резолуцијата од 2560 x 1440 на 3840 x 2160 пиксели. Полето на видливост, според производителот, е 200º, но не е прецизирано по која оска, така што останува да се шпекулира дека најверојатно се работи за дијагонала (?!).
Како и да е, сепак е забележлива голема разлика во однос на 145º на HTC Vive или 120º на Oculus Rift.
Хммм… ги “шие” и во цената – 899 американски долари! Да се надеваме дека се исплати.