Рубрика: Автомобилска техника
Направи сам картинг (4. дел)
Автори: Томе Скендеровски, Гиго Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последново, четврто продолжение од написите посветени на самоградба на картингот ТоГи 1 Ќе се задржиме на два склопови. Првиот е склопот кој се однесува на поставувањето на моторот и е наречен Носач на моторот, а вториот е склопот со кој се претставени педалите од картингот и е наречен едноставно Педали. На крајот Ќе дадеме со препораки и совети за некои од проблемите кои ги немаме разработено во написиве, а кои се однесуваат на некој придружни елементи од картингот, сè со цел да се заокружи целата оваа проблематика.

Во секој случај, изработката на картингот ТоГи 1 е релативно сложена, т.е. не се работи за едноствен склоп. За да се зафатите со изработка и склопување на картингот кој е претставен во овој серијал, потребно е да сте љубители на машинството и на автомобилите, да не речам "да ви тече бензин во вените", да имате смисла за решавање на конкретни машински и занатски проблеми, да умеете да се снајдете во конкретна ситуација. Добро да се размисли за она што се прави и никогаш да не се работи "на слепо", т.е. секој чекор, секоја акција при правењето на картингот добро да е обмислена и квалитетно изведена. Во никој случај да не се брза. Цртежите добро да се проучат, да се држите до советите, забелешките, напомените и упатства што ги имаме изложени во текстов во сите четири продолженија. Оние зафати кои ќе ги правите во сопствена режија да бидат во духот на науката за машинството. Работете совесно, педантно, без брзање и применувајте ги сите хигиенско – технички заштитни средства кои се неопходни за определените занатски дејствија при изработката на картингот. Ризикот од неуспехот, како и задоволството од успехот се ваши. На крај, ги повикуваме сите оние што ќе го изработат картингот ТоГи 1, во прикажаната или во некоја своја модифицирана верзија, да ни се јават и да ни испратат фотографии од него, кои со задоволство ќе ги објавиме во ЕМИТЕР.

Технички карактеристики:

Вид на возило: Картинг или “go–kart” Официјално име: ТоГи 1 (кованица од имињата на авторите) Намена: За забава и рекреација Димензии (д х ш х в): 1700 x 1250 x 600 mm Маса: cca 95 kg (без возачот) Максимална брзина: cca 35 km/h (на хоризонтална делница) Предни тркала: Ø180 x 100 mm (нанесена гума на челичен наплаток) Задни тркала: Ø240 x 150 mm (нанесена гума на челичен наплаток) Сопирачка: Хидраулична / диск (од АМИ 8 или Дијана 6) Мотор (зафатнина / силина): 50 cm3 / cca 3 kW (двотактен, ТОМОС – Копер) Преносник / спојка: Автоматски, двостепен / центрифугална Пренос на силина: Ланец Ланчанест преносен однос: i = 0,88 (мултипликација)

 
Главни елементи и материјали:

Дебелоѕидна шавна цевка со Ø 25mm Тркалачко лежиште од Југо - Ø30 x Ø60 x 37 Тркалачко лежиште Ø20 x Ø47 x 14 Тркалачко лежиште Ø15 x Ø35 x 11 Зглоб со лев навој Зглоб со десен навој Ланчаник од мопед Томос Автоматик Мотор 50cm3 од мопед Томос Автоматик Шепа за предна кочница од Ситроен АМИ 8 или Дијана 6 Пумпа за кочница од Ситроен АМИ 8

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Од тест-возењето на картингот
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.