Европа е втората во редот од четирите големи Јупитерови месечини, наречени Галилееви сателити. Поради нејзиниот различен изглед, уште од откривањето во 1610 год., таа предизвикува големо внимание кај астрономите и научниците од целиот свет. Првите фотографии кои ги направи мисијата Војаџер, покажаа дека Европа е единствена поради нејзината мазна површина која и дава блескав портокалов сјај, што ја прави да биде еден од најсјајните сателити во Сончевиот систем.