Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Современата технологија во производството на елементите на застаклувањето во зградите т.н. стакло-пакети претставуваат комбинација на 2 или 3 стакла, со исполнување на меѓупросторот со некој благороден гас и со метализирани премази врз одредени површини на стаклата. Со тоа се овозможува оптимално користење на сончевата енергија. со можност за селективно пропуштање на светлината, а задржување на топлинското зрачење во летниот период.
Изолациското застаклување претставува единица составена од две или три стакла пломбирани во фабрика, разделени со херметички затворен простор што содржи воздух или изолирачки гас. Главна цел на ваквиот стакло-пакет е да се искористат изолациските својства на просторот со воздух или гас за намалување на коефициентот на пренесување на топлината (вредност Ug) на застаклувањето. Понатаму изолациските карактеристики можат да се зголемат на повеќе начини (со премази со ниска емисија, со гас и др.). Застаклувањето може да биде двослојно и трослојно.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.